Македонија
(Видео) СДСМ пред одлука за кандидат за претседател
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, не сакаше да открие пред новинарите кои се имињата на кандидатите за претседателите пред конгресот што ќе се одржи в недела. Тој негира дека пропаднал огласот на СДСМ и рече дека има 24 пријави од општински организации на СДСМ и дека сите ќе бидат разгледани.
„Раководството на партијата во попладневите часови ќе одржи координативен состанок на кој ќе бидат разгледани сите пристигнати кандидатури, а конечниот збор за изборот на кандидат за претседател ќе го кажат делегатите на конгресот в недела. По ова, раководството на СДСМ ќе одржи средба со коалициските партнери, на која ќе се изнесе предлогот на СДСМ. Се очекува зелено светло од коалициските партнери за предлогот на СДСМ“, рече Митрески.
Прашан за коментар за одлуката на албанската опозиција за свој кандидат за претседател, Митрески вели дека и албанската опозиција има демократско право да си кандидира свој предлог доколку не сака да поддржи консензуален кандидат.
Најзвучни имиња за кандидати за претседател, според партиски извори, се Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Никола Димитров и Стево Пендаровски. Се очекува вечерва Али Ахмети и Заев да го договорат името на кандидатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

