Црна хроника
Две лица од Скопје осомничени дека извршиле тешка кражба во Гостивар
Основното јавно обвинителство Гостивар почна постапка против две лица, жители на Скопје, за тешка кражба. Тие ограбиле човек на улица во Гостивар кога му се претставиле како просјаци и му побарале пари.
„Осомничените на 26.2.2019 година на улица во Гостивар пресретнале лице што кај себе во тој момент имало 1.200 евра и 6.500 денари. Притоа му пристапиле како просјаци и од него побарале пари. Оштетениот извадил пари за да им даде по што тие на дрзок начин му ги одзеле сите пари што тој ги имал кај себе и побегнале. Подоцна биле откриени и фатени, а парите му се вратени на оштетениот“, соопшти Обвинителството.
Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

