Македонија
ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Говор на омраза, лажни вести, предвремено започнување на кампања, изборна корупција, злоупотреба на јавните ресурси, злоупотреба на службената положба, притисоци, закани и уцени – се дел од предизборната палета на политичките структури што ЦИВИЛ ги нотира за време на сите изборни процеси досега.
„Без будното око на набљудувачите, организациите за човекови права и слободи и на сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, тие појави би поминале незабележано. Без оглед на тоа дали институциите се зајакнати или не и без оглед на степенот на владеењето на правото, една од најважните компоненти на еден изборен процес е токму мониторингот што го спроведуваат непартиски и невладини структури, групи и поединци“ предупредува ЦИВИЛ.
Овој повик се однесува на соработниците и долгорочните набљудувачи, како и на сите членови и поддржувачи, учесници на семинарите за граѓанско новинарство и други заинтересирани граѓанки и граѓани.
Не постои непотребна или неважна информација, напротив, сите информации се добредојдени. Сите што сакаат да помогнат во изборниот мониторинг, можат тоа да го направат на начин што им е најлесен.
Прифатливи се сите можни формати: видео снимки, фотографии, скенови од комуникации или постови на социјални мрежи.
Извештаите, односно пријавите може да се испраќаат во порака по електронска пошта ([email protected]), Фејсбук, по телефон (02 / 5209 176), на онлајн пријавата за изборни нерегуларности или лично во седиштето на организацијата во Скопје.
Воедно, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека во тек е конкурсот за долгорочни и краткорочни набљудувачи на изборниот процес. Заинтересираните можат да аплицираат преку онлајн формулар, лично и преку електронска пошта ([email protected]).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце.
Граѓаните можат непречено да се движат во двата правци, а нормално функционира и граничниот премин Блаце, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Повеќе од 45 тони вода исфрли полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево

Полициски хеликоптер Бел-412 денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево, соопшти МВР.
„И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради чад, полицискиот хрликоптер исфли над 45 тони вода во подршка на екипите на терен за ставање под контрола на истиот“.
Македонија
(Видео) Сè уште активен и надвор од контрола пожарот кај Чучер Сандево, со интервенција од воздух ќе се продолжи во утринските часови

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информираат од ЦУК.
Во текот на денешниот ден, на терен, како што појаснуваат надлежните, интервенирале сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК.
„Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки.
Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи“, според објавеното на социјалните мрежи.
Во раните утрински часови, како што појаснуваат, беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов.
Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.
За утре е планирано акциите да започнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите, соопштија надлежните.