Контакт

Избори 2019

(Видео) Заев: Стево е наш избор за победа

Објавено пред

Со интонирање на државната химна и говор на лидерот на СДСМ, почна 23. конгрес на владејачката СДСМ на која треба да биде потврден Стево Пендаровски како кандидат за претседател предложен од коалицијата од 30-ина партии. 783 делегати се присутни на денешниот конгрес кој се одржува по утринскиот централен и извршен одбор на партијата.

dobivaj vesti na viber

„Нашата партија заедно со нејзините лидери и членство никогаш не отстапи пред предизвиците. Секогаш ја преземаше одговорноста донесуваше одлуки и спроведуваше рационални политики што се покажаа како историски. Тоа беше во 1991 година, кога заедно со граѓаните на нашата земја учествуваме во процесот на прогласување на независноста на нашата земја. Тоа беше и во 2001 кога презедовме одговорност да го запреме меѓуетничкиот конфлик и со дијалог и со Охридскиот рамковен договор да почнеме да ја градиме новата вредност на нашата општествена заедница концептот „Едно општество за сите“. Така беше и во 2005 кога им дадовме силен имплус на европските вредности и нашите аспирации за членство во ЕУ и ни беше доделен кандидатскиот статус. Така беше и во 2015 година кога со „Вистината за Македонија“ со граѓантие на Македонија во кампот на слободата со шарената револуција тргнавме низ улиците на нашите градови. Кога трпеливо и мудро низ политичките процеси верувајќи во слобода, вистина, правда, еднаквост, напредок и кога социјалдемократските вредности ги здруживме со цивилизациските вредности за да си ја ослободиме заробената ни држава. Така беше и во 2017 и 2018 година кога на 27 април се спротивставивме на насилството и кога новата владина коалиција донесе одлука да постигне договор за пријателство со Бугарија и ќе го реши тридеценискиот спор со Грција“, рече Заев на Конгресот.

Тој нагласи дека во парламентот ги разбиле сите дилеми и потврдиле дека заедно ја движат земјата во иднината што сите ја посакуваат: Признаена и ценета држава, земја членка на европското семејство и членка на НАТО.

„Не прифатија како Mакедонци, со свој идентитет и своја гордост. Како земја во чиј идентитет се вградени и идентитетите и на сите нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, и сите други кои што живеат во нашата земја. Заедно со нашиот пријател, прво Република Бугарија, а потоа и со Република Грција, ги отфрливме изолацијата и недоразбирањата. Презедовме одговорност, и покажавме капацитети да решаваме, а не да одлагаме и да профитираме на штета на интересите на граѓаните и на стратешките цели на државата. Граѓаните избраа иднина, просперитет, НАТО и ЕУ“ порача Заев.

Тој потенцираше дека овој економски и интеграциски поход ќе даде вистински резултат само ако се обезбеди во земјата да се работи чесно и одговорно, нагласувајќи дека мора да се стави крај на корупцијата.

„Да работиме посветено и внимателно, да внимаваме на етичките и морални норми, да покажеме интегритет и да ги поддржиме институциите да му пркосат на секој кој има намера да стекнува корист врз грбот на граѓаните“ посочи Заев.

Тој пред присутните го претстави Стево Пендароваки како најдобар избор за победа на претседателските избори.

“Убедени сме дека тоа е наш избор за победа”, рече Заев во воведниот говор на конгресот. Лидерот на партијата рече дека Пендаровски е кандидат за претседател за сите граѓани.

“Ќе одиме долж и попреку за да го поддржиме Стево”, кажа Заев.

“Стево е личност со интегритет, со темелно политичко и професионално искуство”, рече Заев пред присутните делегати и гости и дополни дека Пендаровски е најдобрата опција за концептот “Едно општество за сите”.

Заев им заблагодари и на Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Никола Димитров и рече дека тие биле “предната влеча” во водењето на процесите во земјата.

Пендаровски беше поздравен со громогласен аплауз од присутните делегати. Тој е најавено дека ќе се обрати на крајот на конгресот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде што го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво...

Европа3 часа

Вучиќ сака да продава муниција на Европа, реагира Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребено против нас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција...

Регион3 часа

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Свет4 часа

(Видео) Мамдани: Трамп, знам дека ме гледаш, имам четири збора за тебе

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин, во кој на остар начин рече дека „градот што...

Европа4 часа

(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени офицери

Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го...

Македонија5 часа

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско затворена

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско...

Свет5 часа

(Видео) Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани...

Регион6 часа

(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот...

Регион6 часа

(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица

Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет...

Топ15 часа

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен...

Топ15 часа

Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени

Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две...

Топ16 часа

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат. Осомничениот...

Топ17 часа

Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри...

Македонија19 часа

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...

Македонија20 часа

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...

Македонија21 час

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија 

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Првата средба ја...

Свет22 часа

Систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од тројански коњ на Русија во рамките на Унијата

Европската комисија разгледува воведување систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави...

Македонија22 часа

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија...

Македонија23 часа

Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу

Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе...

Македонија1 ден

Го тепал со метална шипка, со рацете и со нозете речиси половина час, па го оставил да искрвави на скалите: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...