Контакт

Вести

САД ги објавија доверливите страници од извештајот за 11-ти септември

Објавено пред

Американските власти ги објавија претходно класифицираните 28 страници од извештајот за терористичките напади од 11-ти септември 2001 година, а документот е објавен на интернет страницата на комитетот за разузнавање при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

dobivaj vesti na viber

Извештајот беше подготвен од страна на страна на двопартитната конгресната комисија и содржи вкупно повеќе од 800 страници. Кога беше објавен во 2003 година, беше изоставена последната глава, со споменатите 28 страници, која беше класифицирана.

Во извештајот се укажува на можната поврзаност меѓу терористите и членови на владата на Саудиска Арабија, меѓутоа, сепак, никакви докази на споменатите 28 страници од извештајот не се приложени.

Дека класифицираното поглавје од извештајот содржат информации за вмешаноста на Ријад во терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон, претходно најави копретседавачот со комисијата, сенаторот Боб Греам.

Според него, во извештајот се објаснува кој им помагал на терористите државјани на Саудиска Арабија во извршувањето на нападот од 11-ти септември, кога четири грабнати авиони, два се урнаа во „Кулите близначки“ на Светскиот трговски центар во Њујорк, еден во Пентагон во Вашингтон и еден се урна во Пенсилванија, при што загинаа околу три илјади луѓе.

Американската Централна разузнавачка агенција (CIA) претходно го објави документите кои се однесуваа на акциите на агенцијата пред и по нападите.

Изјавата не сенаторот Грам предизвика голем револт во Саудиска Арабија, стратешки партнер на САД на Блискиот исток, што доведе до тензии меѓу Ријад и Вашингтон.

Во настојувањата да се стивнат таквите напнатости, во директорот на (CIA) Џон Бренан на 12-ти јуни при посетата на Ријад најави дека очекува оти 28-те доверливи страници од извештајот на Конгресот за нападите од 11-ти септември 2001 година во САД ќе бидат објавени и ќе ја ослободат Саудиска Арабија од секаква одговорност за тие терористички напади.

„Мислам дека тие 28 страници ќе бидат објавени, го поддржувам нивното објавување и сите ќе видат докази дека саудиската влада немала ништо со тоа“, изјави челникот на CIA, тогаш во интервјуто за саудиската телевизија Arabiya.

Доверливиот дел од извештајот од 2002 година е клучен во спорот околу тоа дали на државјаните на САД треба да им се овозможи да ја тужат саудиската влада, клучниот американски арапски сојузник на Блискиот исток, поради спомнатите терористички напади.

Американскиот Сенат на 17-ти мај годинава го усвои предлог законот кои има овозможува на семејствата на жртвите од 11-ти септември 2001 година да го тужат Ријад, но Белата куќа се закани дека ќе вложи вето.

Тоа беше одговор на Белата куќа, откако во мај весникот The New York Times, а потоа и другите американски медиуми пишуваа дека саудискиот министер за надворешни работи Абдел ал-Џубери им порачал на претставниците на американскиот Конгрес дека неговата земја ќе биде принудена да ги продаде сопственостите во САД во износ од 750 милијарди долари во кои спаѓаат и американските државни обврзници, како одговор на изгласувањето на споменатиот закон според кој терористичката мрежа Ал Каеда и терористичките напади од 11-ти септември 2001 година биле финансирани со пари на Саудиска Арабија.

Бренан, во настојувањата да се примири значајниот сојузник, рече дека тој дел на 28 страници од извештајот е само „прелиминарен преглед“. „Подоцна е утврдено, според резултатите од извештајот, дека не постоела никаква врска меѓу саудиската влада како држава или институција, ниту дури на високи саудиски функционери и нападите од 11-ти септември..“, истакна шефот на CIA.

Бирото на директорите на американската разузнавачка заедница го разгледуваа тој материјал за да се утврди дали од него може да биде отстранета ознаката за доверливост./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет11 часа

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија13 часа

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија14 часа

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија16 часа

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија17 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет17 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ18 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа21 час

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет21 час

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет22 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет22 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет22 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет1 ден

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија2 дена

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија2 дена

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија2 дена

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија2 дена

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ2 дена

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија2 дена

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...