Црна хроника
Приведен џебџија, „оперирал во 57-ца“

Мерка притвор од осум дена одреди му одреди нaдлежен судија на лицето Џ.Д.(45) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба“.
Пријавениот Џ.Д. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, извршил две кривични дела „кражба“ со што причинил материјална штета од 7.000 денари и се стекнал со имотна корист од 5.000 денари.
Имено на 08.08.2014 година околу 11,30 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, поточно на автобуската постојка кај Жена Парк, при качување во автобус на ЈСП бр.57 кој се движел на релација од Бит Пазар кон Центар искористувајќи ја гужвата при качување во автобусот пријавениот од едно лице со протнување на рака во предниот десен џеб од неговите пантолони, успеал да му украде мобилен телефон марка Алкател.
По извршувањето на кражбата без да биде забележан од некого, повторно се качил во автобус на ЈСП бр.57 кој се движел кон автобуската постојка Рекорд лоцирана на ул.„Димитрија Чуповски“ и извршил уште една кражба на тој начин што искористувајќи го невниманието и гужвата во автобусот, при симнување од автобус на оштетената успеал да и ја откопча ташната и со протнување на рака да украде еден женски паричник во кој имало една здравствена електронска картица, една картица ВИЗА, 1.000 денари и една фотографија.
Пријавениот Џ.Д. непосредно по извршувањето на втората кражба и симнувањето од автобусот на автобуската постојка Рекорд, бил забележан од страна на инспектори од Отсекот за џепни кражби при СВР Скопје кои биле во наведениот автобус, по што истиот е легитимиран при што кај него се пронајдени украдените предмети, пријавениот е лишен од слобода и приведен. Со потврда за привремено одземени предмети, одземени се украдените предмети и истите со потврда за вратени предмети се вратени на оштетените.
Лицето Џ.Д. е познат сторител на кривични дела од областа на имотни деликти и против истиот од страна на СВР Скопје му се поднесени вкупно 20 кривични пријави за кривични дела „кражба“, „кражба во обид“, „тешка кражба“ и „фалсификување на исправа“. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен маж од Кавадарци, возел под дејство на алкохол

Вчера во 19.20 часот на улицата „Страшко Пинџур“ во Кавадарци полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода 43-годишниот Л.Т. од Кавадарци.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „пежо” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.Т. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,77 промили алкохол во крвта.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вчера вечер, полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода 57-годишниот Д.Н. од Скопје поради основи на сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на улицата „Стево Црвенковски“ во Ѓорче Петров.
Д.Н. бил забележан од граѓанин, кој пријави во СВР Скопје, а полициски службеници веднаш преземаа мерки и активности и сторителот е лишен од слобода.
По документирање на случајот, против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Украл отклучен автомобил па ограбил и угостителски објект

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Одземање моторно возило по член 242 став 1, како и – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 3 јули, од паркинг просторот на ПОЦ во непосредна близина на Зелен пазар на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје, одзел туѓо моторно возило марка “Фолксваген голф 3”. Тој го искористил фактот дека автомобилот бил оставен отклучен и со клучеви во бравата за стартување, па без да биде забележан влегол во возилото, го стартувал и го одзел.
Ноќеска, пак, во угостителски објект на Кеј, во непосредна блзиина на Младинскиот културен центар, осомничениот со тврд погоден предмет и физичка сила го отворил прозорецот од кујната од каде влегол во објектот. Извршил претурање и одзел една внатрешна единица за клима уред, звучник, повеќе алкохолни пијалоци, храна и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 65.000 денари, а со провалувањето причинил и материјална штета околу 6.000 денари.
Бидејќи недвосмислено постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.