Спорт
Селтикси им одржаа лекција на Вориорси, Харден ги реши Репторси (Видео)
Кошаркарите на Бостон Селтикс ги декласираа шампионите од Оукленд, Голден стејт вориорс 128:95, во дербито на вечерта, во НБА-лигата.
Селтикси, во „Оракл арена“ во Оукленд, го одиграа најдобриот меч во оваа сезона. Беа беспрекорни во одбраната, а во нападот имаа неколку расположени играчи.
Тимот на Бред Стивенс ја забележа втората победа на последните осум натпревари, победа што може да значи пресврт за Селтикс во финишот од сезоната и пред почетокот на плејофот.
Гордон Хејворд, влегувајќи од клупата, успеа да постигне 30 поени за 28 минути игра. Него го следеа Кајри Ирвинг со 19 поени и 11 асистенции, односно Џејлен Браун со 18 и Џејсон Тејтум со 17 поени.
Кај Вориорси најефикасни беа Стеф Кари со 23 и Кевин Дурент со 18 поени. Дурент погоди само пет од 16 обиди од поле.
Џејмс Харден и Хјустон Рокетс успешно го минаа гостувањето во Торонто кај Репторс. Хјустон победија 107:97, иако во третиот период испуштија предност од 18 поени. Во последниот период Харден постигна 19 поени и му овозможи победа на својот тим.
Харден мечот го заврши со 35 поени, Џералд Грин постигна 18, а Ерик Гордон 13 поени. Кај Торонто се истакна Каваи Ленард со 27 поени.
Минесота Тимбервулвс пред своите навивачи го порази Оклахома Тандер со 131:120. Минесота ја предводеше Карл-Ентони Таунс со 41 поен и 14 скока, три поени помалку на спротивната страна постигна Расел Вестбрук.
Резултати:
Индијана Пејсерс-Чикаго Булс 105:96
Филалделфија ’76-Орландо Меџик 114:106
Мемфис Гризлис-Портланд Трејлблејзерс 120:111
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

