Македонија
Османи во работна посета на Кралството Шпанија
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска престојува во работна посета на Кралството Шпанија во рамките на која, меѓу другото, ќе оствари средба со државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Кралството Шпанија, Луис Марко Агуириано Налда, кој ја претставува земјата во Европската Унија.
На средбата ќе бидат отворени темите за билатералните односи меѓу двете земји, особено во насока на поддршката од страна на Кралството Шпанија за европските интеграции на Република Северна Македонија во пресрет на претстојните јунски самити на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Радост, љубов, хармонија и мир посака Силјановска-Давкова по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед.
„Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан Бајрам“, вели Силјановска -Давкова.
„Најискрено посакувам празничните денови да донесат среќа, радост, љубов, хармонија и мир. Курбан Бајрам ги потенцира благодетелта, дарувањето и солидарноста, инспирирајќи нѐ на хумани дела и поддршка на сите на кои им е потребна. Да си даруваме и помагаме, да си бидеме поткрепа еден на друг, заедно во добро и лошо без разлика на верската, етничката, половата или било која припадност и да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани. Честит Курбан бајрам“, се вели во честитката.
Македонија
Украс во Владата ќе биде и портрет од Талат Џафери, техничкиот премиер во заминување
Техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук објави дека во Владата е истакнат и неговиот портрет како премиер на техничката Влада, која следниот викенд се очекува да биде сменета со новата влада предводена од Христјан Мицкоски.
Портретот на Џафери го насликал уметникот Едмонд Драми.
„Благодарам Едмонд Драми за маестралното сликање на мојот премиерски портрет. Ти посакувам понатамошни успеси во уметничкото патешествие!“, напиша Џафери на Фејсбук.
Македонија
Сончево и топло со температури до 35 степени
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во првите два дена од следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува период на стабилно и топло време со постепен пораст на дневната температура