Црна хроника
Во Скопје во еден ден 13 сообраќајки и 7 повредени, а „пајакот“ собрал над 90 возила
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди од кои пет со телесни повреди и осум сообраќајни незгоди со материјална штета. Во сообраќајните незгоди седум лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 33 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 22 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 11 возила бидејќи девет биле нерегистрирани, а две возила биле технички неисправни.
Санкционирани се тројца возачи поради поминување крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, шест поради неправилно престројување, двајца поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач поради непоседување пропишана зимска опрема, 17 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 19 возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин и двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 156 мандатни платни налози и 94 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

