Црна хроника
Пожар зафати викендица во Пехчево, повредена една жена

На местото наречено Амушкови Чешми, во атарот на Пехчево, вчера настанал пожар пред викендичка во која престојувала жена од Пехчево. Според информациите, жената запалила сува трева и смет, а поради временските услови, пожарот се проширил и ја зафатил викендичката, но и поголема површина со борова шума.
Во инцидентот К.М. добила повреда на левата рака и ѝ била укажана лекарска помош. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Берово, екипа од Шумско стопанство „Равна река“, екипа од Дирекцијата за заштита и спасување и други лица што се затекле на местото. Извршен бил увид на местото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Виничанец возел брзо под дејство на алкохол, без дозвола и со нерегистриран автомобил, приведен е

Полицијата на регионалниот пат Виница-Берово го приведе М.А.(55) од Виница. При контрола на патниот сообраќај е констатирано дека управувал патничко возило со брзина од 74 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.
„По преземени мерки и извршена контрола, исто така е констатирано дека не поседува возачка дозвола и е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и по наредба на јавен обвинител, задржан во Полициска станица Виница. При контролата е утврдено и дека сообраќајната дозвола на возилото што го управувал е со измината важност повеќе од шест месеци и поради тоа му е одземено“, велат од МВР.
Се додава и дека притоа М.А. агресивно се однесувал кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Насилници претепале стружанец во Старата чаршија

Тројца насилници, од кои едниот малолетен, претепале стружанец во Старата чаршија.
Според информациите на обвинителството, на 21 јуни тројцата извршиле грубо насилство врз еден оштетен во Старата чаршија во Струга.
Инцидентот започнал како вербална расправија меѓу оштетениот и обвинетите, а кога тој се обидел да им избега стравувајќи од физички напад, му паднал мобилниот телефон. Оштетениот се вратил да си го земе телефонот, но тоа го искористиле обвинетите, го турнале на земја и почнале да го удираат по целото тело со тупаници и клоци.
Жртвата барала помош од случајни минувачи, но застанал само еден автомобил, а возачот излегол и им рекол на обвинетите да го пуштат оштетениот. Повреден, со гребаници и набиеници по главата и телото, оштетениот се сокрил во близок кафе бар додека да стигне полицијата, по што бил пренесен најпрво во струшката, а потоа во охридската болница на лекување.
Со поднесеното обвинение надлежниот јавен обвинител предложи продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата полнолетни сторители, кои освен што извршиле насилство врз оштетениот, предизвикале и чувство на загрозување и страв во јавноста.
Црна хроника
Приведен гостиварец, возел со брзина над дозволената

Приведен маж од гостиварско, управувал возило со брзина од 157 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час.
Според информациите на МВР, вчера во 15.50 часот на патот Гостивар- Тетово полициски службеници го уапсиле Б.Ш.(52) од с.Топлица, гостиварско.
При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека Б.Ш. управувал патничко моторно возило „голф“ со гостиварски регистерски ознаки со брзина од 157 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.