Спорт
НБА: Вилијамс најдобар стрелец-резерва во историјата
Бекот на ЛА Клиперс, Лу Вилијамс, испиша нови страници во историјата на НБА-лигата. На натпреварот во кој Клиперс го декласира Бостон Селтикс 140:115, Вилијамс стана најдобар стрелец во историјата на лигата, кога се во прашање постигнатите поени од клупата за резерви.
Вилијамс во победата над Селтикс постигна 34 поени со што како резерва во кариерата стигна до бројката од 11.150 поени. Тој на првото место ги престигна Дел Кари, таткото на НБА-ѕвездите на Голден стејт, Вориорс, и Портланд Трејлблејзерс, Стеф и Сет Кари.
Дел Кари во кариерата постигнал 11.147 поени, а трет на оваа листа е играчот на Финикс Санс, Џамал Крафорд со 11.112 поени.
Congrats to @TeamLou23 of the @LAClippers for scoring the most points off the bench in @NBAHistory! #ClipperNation pic.twitter.com/rWLeoSGuuA
— NBA (@NBA) March 12, 2019
Вилијамс (32) во НБА-лигата влезе како 45 пек на Филалделфија на драфтот во 2005 година. Седум години играч за Филалделфија, потоа две сезони минал во Атланта Хокс, сезоната 2014/2015 ја минал во Торонто Репторс, потоа две години играл за ЛА Лејкерс и еден краток период во Хјустон Рокетс, а од пред една година е играч на ЛА Клиперс.
Вилијамс во 2015 и 2018 година ја добивал наградата за најдобар шести играч (најдобра резерва) во НБА-лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Руиз ќе го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен и Фабијан Руиз се согласија за сите услови во врска со продолжувањето на соработката.
Новинарот Матео Морето, денес потврди дека сè е подготвено Фабијан Руиз да потпише до летото 2029 година.
Репрезентативецот на Шпанија беше поврзан со бројни клубови, го канеа во Турција, дури и Реал Мадрид беше споменат претходно, но впечатокот е дека на Руиз му е најдобро во Париз.
Тој пристигна во ПСЖ, во летото 2022 година за 22.500.000 евра од Наполи и сега е легенда на „Светците“. Одигра 155 натпревари за ПСЖ, постигна 16 гола со 24 асистенции и ги освои сите можни трофеи.
Заедно со Витиња и Жоао Невес, тој е дел од трио во средината на теренот и Луис Енрике не сакаше да го остане без сонародникот.
Договорот на Руиз истекува во летото 2027 година, и затоа ПСЖ сакаше да ја затвори приказната на време, за да не му дозволи да влезе во последната година по завршувањето на сезоната.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ал-Итихад му нуди на Меси бланко чек
Претседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, повторно ја изрази својата желба да го доведе Лионел Меси, наведувајќи дека е подготвен да му понуди на аргентинскиот фудбалер бланко чек. Светските медиуми објавуваат изјави во кои Ал Хаили истакнува дека парите нема да бидат пречка за реализација на овој трансфер.
Ал Хаили наводно е подготвен да му дозволи на Меси самиот да ги одреди финансиските услови и времетраењето на договорот.
„Доколку Меси сака да потпише за Ал-Итихад, ќе му дадам бланко чек на кој може да напише која било сума, со договор за кој било период што ќе го избере, дури може договорот да биде доживотен“, рече Хејли.
Тој додаде дека доаѓањето на Меси би било од големо значење за клубот: „Доколку Меси го носи дресот на Ал-Итихад тука во Саудиска Арабија, парите немаше да ми значат ништо. Ќе ја славевме лигата пред да започне, бидејќи ќе го имав најдобриот играч во историјата на фудбалот.“
Претседателот на Ал-Итихад потврди дека веќе се обидел да го ангажира Меси претходно, по неговото заминување од Париз:
„Да, го контактирав кога му истече договорот со Париз и му понудив договор од 1,4 милијарди евра, односно 88 милиони евра годишно, но тој одби без дури ни да ја слушне понудата бидејќи неговото семејство ја претпочиташе Америка. Го почитувам тоа и вратите на Ал-Итихад секогаш му се отворени кога и сака да дојде“, рече Ал Хаили и дополни:
„Повеќе нема да се насочуваме кон бројки, едноставно ќе му дадам на Меси бланко чек да напише што сака. Тоа е најдобриот начин“.
И покрај великодушната финансиска понуда, се смета дека преселбата на Меси во Саудиска Арабија е малку веројатна. Аргентинскиот фудбалер се прилагоди на животот во Соединетите Американски Држави, каде што живее со своето семејство, а неодамна тој го продолжи договорот со Интер Мајами.
Foto/ depositphotos
Спорт
Рома за 19-годишник ќе плати 25 милиони евра
Рома, помалку неочекувано по првиот дел од сезоната е легитимен кандидат во борбата за титулата во Серија А, но нивната примарна цел е да изборат место во Лигата на шампионите.
Во Рим открија дека им е потребно освежување во нападот, па почнаа да бараат засилувања. Главни мети беа Џакомо Распадори и Џошуа Зиркзе, но тие завршија неуспешно. Распадори ќе се пресели во Аталанта, додека нема назнаки дека Манчестер Јунајтед ќе прифати понуда за Зиркзе.
Во меѓувреме, Рома, најде засилување во нападот. Изборот е талентираниот 19-годишен, Рибинио Ваз. Играчот блесна сезонава во Олимпик Марсеј. Рома се согласи да плати 25 милиони евра.
Останува да се дефинираат личните услови и 19-годишниот напаѓач официјално да стане играч на италијанскиот клуб.
Во исто време, челниците на клубот од Рим преговараат и со Дониел Мален од Астон Вила. Холанѓнецот би требало да пристигне во Рома на позајмица, со право на откуп.
Foto/ depositphotos

