Свет
Во Венецуела кражби на улиците, децата гладни, а во болниците не работат респираторите

Националното собрание на Венецуела вчера прогласи вонредна состојба, а владата им нареди на училиштата и компаниите да останат затворени поради прекин на електричната енергија, кој трае веќе пет дена.
Опозицијата соопшти дека поради недостиг на струја во државата, загинале најмалку 17 луѓе. Привремениот самопрогласен претседател Хуан Гваидо за состојбата во државата ја обвини владата, а официјалниот претседател Николас Мадуро вината ја префрли на САД и империјалистичките сили.
Жителите на главниот град Каракас за Би-би-си раскажале како изгледа животот во мрак и колку е тешка состојбата за граѓаните на Венецуела.
Провладините вооружени мотоциклистички банди во земјата, познати како „колективос“, беснеат по мрачните улици на градот и грабежите се сè почести. Многу делови на земјата сè уште немаат струја, а во оние каде што е дојдена, има само неколку часа во денот и повторно се исклучува.
Без интернет, мобилен телефон, банки, банкомати, клима-уреди, секојдневниот живот за многумина стана неподнослив, особено за оние со пониски примања.
„Имам двегодишен син. Синоќа немавме што да јадеме“, вели Мајори од населбата Теразас дел Клуб Хипико во Каракас и додала дека ограбена е продавницата во близина на нејзиниот дом, а соседите ѝ дале малку ориз.
„Додадов малку шеќер и го нахранив детето, но што ќе му дадам денес да јаде кога ќе ми побара храна? Јас можам да трпам глад. Нам возрасните доволна ни е и чаша вода, но што да прави детето во ваква ситуација?“, се жали таа.
На улиците може да се видат очајни мајки како тропаат по затворените продавници барајќи да ги пуштат внатре. Но, вработените примаат само американски долари бидејќи не им работи ниту една каса и зошто не се плаќа со картички.
Загрижувачка е и состојбата со болниците. Нема соодветни услови за прием на болните, а не работат и повеќето од апаратите. Поради хаосот што владее во Венецуела, невозможно е и да се погребаат починатите. Ништо не функционира, со денови не работат институциите, сè е во прекин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Кралски питон снимен на улица во Загреб

Во загрепската населба Кајзерица вчера вечерта човек наишол на кралски питон како талка по улицата. Ја снимил змијата и го објавил видеото во соседските групи во обид да го пронајде нејзиниот сопственик.
Еден од членовите на групата вклучен во безбедното враќање на змијата потврдил за „Дневник.хр“ дека сопственикот е пронајден.
„Ја најдовме сопственичката и змијата ќе ѝ биде вратена. Пред да ја најдеме сопственичката, стапив во контакт со Зоолошката градина во Загреб. Од таму ни кажаа дека можеме да им ја доставиме змијата, но бидејќи сопственичката во меѓувреме ни се јави, проблемот е решен“, рече тој.
Свет
(Видео) Сеул постави холограм на полицаец во парк: криминалот се намали за 22 процента

Секоја вечер помеѓу 19 и 22 часот холограм во природна големина на полицаец во паркот „Џудонг“ бр. 3 во Сеул повторува предупредувања за видеонадзор и ветува дека вистинските полицајци ќе реагираат веднаш, објавува Vice.
Оваа иницијатива не е маркетиншки трик, туку проект целосно поддржан од Агенцијата за полиција во Сеул. Холограмот е создаден од технолошката компанија Hologrammica, а резултатите се веќе видливи. Откога дигиталниот полицаец беше распореден во октомври минатата година како дел од иницијативата „Безбеден парк“, бројот на пријавени кривични дела во областа се намали за речиси 22 процента.
Иако холограмот не може да уапси никого, полицијата вели дека неговото присуство е доволно за да ги одврати потенцијалните престапници. „Иако по подетаљно испитување, јасно е дека лицето не е вистинско, самото чувство за присуство на полицијата имаше значаен ефект на одвраќање“, се вели во соопштението на полицијата.
Холограмот е висок над 170 сантиметри и е моделиран по вистинска личност. Неговиот изглед, особено кога свети во темница, е донекаде морничав. Додека некои на интернет го опишуваат како корисна и високотехнолошка алатка, други го споредуваат со светлечко страшило.
И покрај мешаните критики, психолошкото влијание се чини дека е позитивно. Шефот на полициската станица во Џунгбу, Ан Донг-хјун, рече дека холограмот „се етаблира како паметен безбедносен уред“ и најави планови за проширување на ваквите системи напојувани од вештачка интелигенција во други области.
Јужна Кореја е веќе позната по употребата на експериментална технологија за јавни цели, од препознавање лица во училиштата до виртуелни асистенти на железничките станици.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Рускиот дрон летал во полскиот воздушен простор неколку часа пред падот

Руски борбен дрон „Шахед“ летал над Полска речиси два и пол часа пред да се сруши, објави украинскиот портал „Милитарњи“, специјализиран за воени теми.
Според анализата на надзорот на украинскиот воздушен простор, дронот летал над регионите Житомир, Хмелницки, Тернопол и Лавов во Украина во ноќта од вторникот кон средата, а потоа влегол во Полска.
Растојанието од границата до местото на падот во селото Осини е приближно 200 километри. Со оглед на просечната брзина на руските дронови „Шахед“ од 120 до 150 км/ч, се проценува дека поминал вкупно два часа во полскиот воздушен простор (бидејќи не летал целосно право).
With the US now paralyzed behind an orange mountain of lard, unable to inflict sanctions on Russia, Putin ups the stakes, striking Poland with a kamikaze drone last night, only 80km from Warsaw.
The West refuses to respond, so Putin only increases the killing. pic.twitter.com/P79Y1bYnEw
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) August 20, 2025
Како што наведува „Милитарњи“, дронот не бил откриен од полските системи за надзор во тој период. Додека се вклучиле сирените за воздушен напад во Украина, околу 1 часот по локално време, дронот, веројатно, веќе го напуштил украинскиот воздушен простор и продолжил да лета над Полска сè додека не се урна во 2.22 часот по варшавско време.
Порталот пишува дека постојат само две сценарија според кои дронот можел да влезе во Полска: намерно таргетирање или внатрешен дефект. Тие нагласуваат дека дури и во случај на дејство на електронско блокирање, автопилотот на дронот го пренасочува кон наменетата цел.
Затоа сè уште постои можност дронот да имал однапред одредена цел на територијата на членка на НАТО, наведува украинскиот портал.
Дронот што се урна во поле со пченка во Полска е од руско потекло, изјави вчера полскиот министер за одбрана, Владислав Косињак-Камиш, нарекувајќи го тоа провокација.
Експлозијата скршила прозорци во неколку куќи, но никој не е повреден, објави полската новинска агенција ПАП. Полицијата пронашла изгорени метални и пластични делови на местото на падот.
Истражителите изјавија дека дронот оставил кратер широк шест метри и длабок 50 сантиметри. Не е јасно дали експлозијата се случила во воздух или кога удрил во земјата.
Членка на ЕУ и НАТО, Полска е еден од најблиските политички и воени сојузници на Украина.
фото: принтскрин