Европа
Експлозии во Донецк, Киев стравува од руска интервенција

Две експлозии одекнале во саботата рано утрото во Донецк клучниот град во источна Украина кој е под контрола на проруските бунтовници кои јавија дека градот е во целосно опкружување на украинската армија, додека Киев ја обвини Москва дека сала воено да интервенира под изговорот за хуманитарна акција.
Во експлозиите немало жртви, ниту поголема материјална штета, главно биле искршени прозорци на згради на две различни локации во Донецк на кои паднале гранатите.Офанзивата на украинската армија започната пред четири месеци сега се концентрира на Лиганск и на Донецк, двата најголеми града во источните региони каде што локалното проруски настроено население прогласи ткн народни републики, бидејќи не ја признава легитимноста на прозападните власти во Киев кој дојдоа на власт по февруарските безредија и соборувањето на претседателот Виктор Јанукович.Од штабот на бунтовниците на самопрогласената Народна Република Донецк, во саботата наутро информираа дека главнината на силите на етничките Козаци кои застанаа на страната на ткн народни милиции се повлекле од гратчето Краснии Луч, кој се наоѓа на правецот меѓу Донецк и Луганск, по што градовите Донецк и Горловка се нашле во целосно опкружување на украинската армија.Нота кон саботата, врз украинските сили „во неколку наврати е отворен оган“ и „има жртви’ чиј број сѐ уште не е утврден, изјави портпаролот на штабот на украинските сили коишто се ангажирани во операцијата во источна Украина, Олескиј Дмитрашковски. Тој потврди дека во петокот 15 украински војници загинале во борбите кај Донецк, а уште четворица друг биле ранети.Во меѓувреме, откако повеќе денови градот Луганск остана без снабдување со електрична енергија, горива, води и комуникации, а во градот работата само аптеките, Москва изрази голема загриженост за хуманитарната ситуација во градот и побара итни мерки за хуманитарна помош.На украинската телевизија во петокот навечер членот на кабинетот на украинскиот претседател Валериј Чали, изјави дека Русија се обидува да испрати хуманитарен конвој во Украина. „Голем конвој тргнува кон украинската граница, а го следи војска и руски возила“, изјави Чали. Според него, украинскиот претседател Петро Порошенко ја запрел таа провокација по дипломатски пат со американскиот државен секретар Џон Кери. Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин разговарал со својот руски колега Сергеј Лавров, кој гарантирал дека конвојот ќе биде запрен, додаде Чали./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин