Македонија
Студиска посета во Холандија за правата на ЛГБТИ-лицата
Пратеници, членови на интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ-лицата, од денеска до сабота, ќе учествуваат на студиска посета во Холандија. На студиската посета ќе земат учество координаторката Маја Морачанин, заменик-координаторот Павле Богоевски и пратеничките Лилјана Поповска, Славица Шуманска-Митева, Јагода Шахпаска, Снежана Калеска-Ванчева и Емилија Александрова.
Поканата за учество на студиската посета е од организацијата ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во рамките на проектот „Собранието и локалната самоуправа во унапредувањето на правата на ЛГБТИ-луѓето“, а поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.
Целта на посетата е презентирање на најдобрите парламентарни пракси за работа на ова поле, како и презентирање пракси за подигнување на свеста за ненасилство, спречување говор на омраза и дискриминација.
Во рамките на студиската посета предвидена е посета на парламентот во Хаг и средба со пратениците одговорни за креирање на политиките од областа на ЛГБТИ-прашањата, средби со локални политичари, посета на институциии и средби со невладини организации кои работат на застапување заедно со холандските пратеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание.
Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.
Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан.
Исто така, изгореле две патнички возила кои биле паркирани во непосредна близина.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
(Видео) Честитка на Филипче за Водици: Во духот на солидарноста да го унапредуваме општеството
Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици, порача претседателот на опозициската партија, Венко Филипче.
„Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош ,којшто денеска го фати крстот.
Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по крстот. Тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила.
Овие празници секогаш треба да не потсетуваат да во име на солидарноста, работиме заедно, го унапредуваме општеството и создаваме подобри, еднакви можности за сите без дискриминација на ниту еден човек“, порача Филипче.
Македонија
Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода
Илија Мелоски беше најсреќниот меѓу 50-те верници кои денес се обидоа да го фатат Светиот Крст во водите на базенот “Расадник”, кои претходно беа осветени. Од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тој доби икона и парична награда, а од повеќе општествено одговорни компании и повеќе други награди. Возобновената манифестација по повод празникот Богојавление- Водици од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, која од година во година станува се попосетена, и годинава започна со литија од храмот Св. Ѓорѓи, предводена од свештенството од храмовите во општина Кисела Вода, збогатена со песните од КУД “Китка”. Најсреќниот учесник што го извади Богојавленскиот Крст од водите, Илија Мелоски за себе и за најблиските посака здравје и среќа, а наградите одлучи да ги донира.
-Бог се јави браќа и сестри! За мене и за сите православни верници ова е многу значаен и величествен ден, кога го славиме крштевањето како една од Светите тајни на Христијанството, го чествуваме зачетокот на човековото живеење во верата и прочистување на неговата душа. За мене посебен, бидејќи денес е мојот именден.Масовноста и сплотеноста на мојот народ која денес ја гледаме е само потврда за исправноста на одлуката што ја донесовме – да ја возобновиме традицијата во Кисела Вода за положување на Крстот во осветената вода.
Ги поздравувам и им се заблагодарувам на сите кои денес најпрво беа дел од литијата што започна од храмот Св. Ѓорѓи, се заблагодарувам на свештенството кое го предводеше овој убав настан во духот на нашата вера и традиција и на КУД “Китка” кои со својата песна овозможија настанот да има уште потрадиционална и посвечена нота, им честитам на сите кои имаа храброст и се обидоа да го извадат Светиот Крст од водите. Посебна честитка до најсреќниот Илија Мелоски кој го фати Светиот Крст, му посакувам добро здравје, среќа и радост и од Бога благословена година за него и за неговото семејство, а ние заедно со неколку општествено одговорни компании се потрудивме да го запамети овој ден и по повеќе награди.
Му благодарам и за големиот гест на овој исто така голем ден, наградите да ги донира на оние кои имаат вистинска потреба. Да сте ми здрави и живи, а следната година повесели и помасовни-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.