Црна хроника
Семејство на сопственик на менувачници куртулиле од разбојници
Вистинска драма се одвивала во четвртокот вечерта во куќата на сопственик на менувачница во Гостивар, кога упаднале тројца вооружени напаѓачи упаднала во обид да извршат разбојништво.
Во нивната намера ги спречела сопругата на газдата на куќата, која некако успеала да го активира алармот, откако претходно разбојниците ја пребарувале куќата физички ги малтретирале домашните и се обиделе да ги врзат.Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил околу 21,00 часот, во Гостивар во населбата Шеста зона во куќата на А.Ф.(38) сопственик на менувачница, кога три маскирани лица вооружени со пиштол се обиделе да извршат разбојништво,Тие во дворот од куќата со метална шипка физички ја нападнале Ѓ.Ф. (36), а потоа физички ги нападнале неговиот 14 годишен син и З. Ф. (61).По ова, сторителите извршиле пребарување по куќата и се обиделе да ги врзат Ѓ.Ф. Д.Ф. и З.Ф. но Ѓ.Ф. успеала да го вклучи алармот и истите се дале во бегство. На лицата им е укажана лекарска помош во Ургентен центар Гостивар и истите се пуштени на домашно лекување. Се преземаат мерки за откривање на сторителите. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полиција приведе жена, пијана туркала предмети на бензинска
Полиција приведе жена која туркала предмети на бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Утрово во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување кон вработените, туркала предмети во објектот на бензинската станица, а по доаѓање на полициските службеници, таа агресивно се однесувала и кон нив. При преземање на мерки, кај неа биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека таа била задржана во полициска станица и по документирање на настанот против неа ќе била поднесена соодветна пријава.
Топ
Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот
Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот.
-Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, појаснија од СВР – Велес.
Топ
Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток
Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа Тик Ток, е расчистен и ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.11.2025 во полициската станица Струмица, 42-годишен маж од струмичко пријавил дека пред околу една недела неговиот малолетен син бил жртва на насилно однесување од страна на четири малолетни лица, кое било снимано и објавено на Тик Ток.
По пријавувањето, полициски службеници од СВР Струмица презеле мерки за расчистување на настанот. Инволвираните малолетници биле повикани во полициската станица, каде се извршени службени разговори во присуство на нивните родители.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица биле запознаени со случајот. По целосно документирање, ќе биде поднесен соодветен поднесок по Закон за правда за децата.

