Македонија
Пендаровски: Останувам посветен на интегративните процеси, членството во НАТО е наследство што ќе го оставиме на идните генерации
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска се повлече од учеството во Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО-алијансата.
„Ми беше голема чест и задоволство да го предводам процесот за влез на нашата држава во НАТО-алијансата. Денеска официјално се повлекувам од Комитетот за интеграција во НАТО. Како претседател ќе продолжам посветено да работам за приближување на нашата земја до меѓународната заедница и одржување на односите со нашите соседи и земјите во регионот. Подготвен сум уште попосветено на работам на остварување на врвните државни и национални интереси како што е целосната интеграција во ЕУ и НАТО“, порача Пендаровски.
Тој посочи дека влезот во НАТО е навистина важен и долгоочекуван чекор, којшто освен безбедност и стабилност значи и посилна економија, повеќе странски инвестиции, повеќе и подобри работни места.
„Веќе се видливи резултатите од членството во НАТО. Во 2018 година имавме рекордна сума од 625,5 милиони евра странски инвестиции, што е најмногу во последните 9 години. Членството во НАТО е наследство што ќе го оставиме на идните генерации и истовремено е важен чекор за успешно решавање на сите внатрешни и надворешни предизвици“, заклучи Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од ул. Павле Божинов(општина Гази Баба)
· во периодот од 08.00 до 12.00 часот корисниците ул. 28 и ул. 30 од С.Белимбегово Илинден (општина Илинден)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците ул.Мирче Оровчанец (општина Центар)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците од дел од ул. Петар Манџуков (општина Бутел)
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот корисниците ул. Индира Ганди 31 (општина Шуто Оризари).
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците од Амбулантата во Ѓорче Петров и околните корисници (општина Ѓорче Петров)
· во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците од Жито Алтан, дел од Дрма, Живинарска Фарма.(општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од с.Глуво.(општина Чучер Сандево)
Македонија
Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Денеска и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко. Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.
Македонија
Делови од Бутел, Карпош и Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на улицата Христо Смирненски 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул.Партизански Одреди), општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација соопштуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Васил Ѓорѓов 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од улицата Народен Фронт, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

