Македонија
Антикорупциската комисија поведува постапка за имотот на Иванов
Антикорупциската комисија на денешната седнцица повела постапка за да се испита имотот на претседателот Ѓорге Иванов, откако вчера „24 вести“ објави дека тој купил два стана на Водно, кои во катастарот се запишани на име на неговиот син.
„Ќе се изврши проверка на имотот, односно ќе се види како се обезбедени парични средства и дали сите промени се навремено евидентирани во неговиот анкетен лист“, изјави за „Макфакс“ претседателката на комисијата, Билјана Ивановска.
Според објавените информации во јавноста, за двата стана што ги купило семејството на Иванов има преддоговор за купопродажба, зашто зградата е сè уште во градба. Едниот стан е со површина од 131 метар квадратен и се наоѓа на вториот кат од новата зграда на улицата Салвадор Аљенде, а вториот е во истата зграда на друг кат и има 91 квадратен метар.
Од кабинетот на Иванов изјавија дека претседателот купил само еден стан, но не го пријавил зошто сè уште не го исплатил и нема имотен лист, и дека за станот дополнително бил земен банкарски кредит.
Сепак, ниту кредитот не е пријавен во анкетниот лист на претседателот и тоа ќе биде предмет на проверка во комисијата.
Законот предвидува секој функционер 30 дена откако ќе дојде на функцијата да пријави каков имот поседува. Избраните и именуваните функционери се должни да ја пријават и секоја промена на имотот додека ја вршат функцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.
Македонија
Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“.
Беше констатирано дека коалицијата оствари успешен и историски резултат, кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата.
Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за почнување преговори за состав на идната влада.
Според заклучокот на состанокот, разговорите треба да се водат врз основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности, соопштија од партијата.