Европа
Обвинителот го оцени дејството на копилотот на ‘Airbus A302’ како ‘убиство без предумисла’

Главниот обвинител на францускиот град Марсеј, Бри Робен, изјави во саботата дека дејствијата што ги преземал копилотот на авионот на германската воздухопловна компанија „Germanwings“ кој во вторникот се урна во француските Алпи се квалификувани како „убиство без предумисла“.
Според доказите со коишто во моментов располага истрагата, 28-годишниот Андреас Лубитц ја сокривал својата здравствена состојба од компанијата, односно дека бил упатен на боледување поради неговата психичка ситуација. Како што пишува електронското издание на францускиот дневен весник Provence, обвинителот на Марсеј, Бри Робен останал на своето убедување дека копилотот намерно го урнал авионот.
„Ние пред скоро време ја сменивме квалификацијата, се размислував за тоа, но и во тој случај на крајот се определивме за квалификацијата ‘убиство без предумисла’“, вели во ексклузивното интервју обвинителот Робен.
Според него, активностите на Лубитц претставуваат своевидна „спонтана желба да го уништи авионот“. Според правните прописи, убиството се смета дека е извршено со умисла, кога може да се каже доколку се имаат сигурни сознанија за „смислена намера да се убие“, вели обвинителот.
Авионот „Airbus A320“ на нискотарифната авиокомпанија „Germanwings“, на летот од Барселона до Диселдорф во вторникот околу пладне се урна во тешко пристапните предели на француските Алпи, во југоисточна Франција. Во несреќата загинаа сите 150 патници и членови на екипажот.
Според сознанијата на истрагата, по дваесетина минути лет и неврзан разговор во пилотската кабина, капетанот на летот излегол на неколку минути од кокпитот, најверојатно во тоалет. Кога се обидел да се врати во кабината, заклучил дека таа е затворена однатре. Безуспешно го молел копилотот да ја отвори вратата а потоа со секира до последните мигови се обидувал да ја скрши, додека авионот со поставен на автоматски пилот на височина од 30 метри остро понирал осум минути./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) 11 повредени во руски напад врз Украина: „Тие сè уште намерно ги таргетираат цивилите“

Руските сили погодија станбена област во Харков со балистичка ракета, при што беа повредени најмалку 11 лица, соопштија украинските власти доцна синоќа.
Едно 13-годишно девојче е меѓу повредените во Харков, вториот по големина град во Украина, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов преку апликацијата за пораки Телеграм.
Харков, кој се наоѓа во североисточна Украина во близина на границата со Русија, е редовна цел на руски напади со беспилотни летала и ракети од почетокот на војната што Москва ја започна во февруари 2022 година.
🇷🇺🇺🇦
🔻Ataque ruso contra Kharkiv🔻Russian attack against Kharkiv pic.twitter.com/kkcQw67PQY
— Ares, Information Service (@Aresinfoservice) August 18, 2025
„Ударниот бран ги скрши прозорците во блиските станбени згради“, објави државната служба за вонредни состојби на Украина на Телеграм, додавајќи дека некои жители морале да бидат евакуирани.
Одделно, регионалните власти соопштија дека 57-годишна жена е повредена во руски воздушен напад врз североисточниот регион Суми, во кој исто така се оштетени најмалку десетина станбени згради и една образовна институција.
„Непријателот продолжува намерно да ја таргетира цивилната инфраструктура во регионот Суми, подмолно, ноќе“, рече гувернерот Олех Хрихоров на Телеграм. Ројтерс не беше во можност независно да потврди какво оружје користела Русија во нападите. Двете страни негираат дека таргетирале цивили во нивните напади, но илјадници луѓе се убиени, од кои огромното мнозинство се Украинци, соопшти агенцијата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.