Македонија
(Видео) Куќен притвор за Стевчо Јакимовски
Судечкиот совет во Кривичниот суд во Скопје по повеќе од 12 часа од почнување на распитот му одреди куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
Причините за одредување мерка куќен притвор е поради можност од бегство и влијание врз сведоци. Јавното обвинителство за Јакимовски бараше затворски притвор, но поради неговата здравствена состојба, одреден му е куќен притвор.
„Ова е срамен ден за Обвинителството, а позитивен за судот, кој реално ги оцени аргументите на одбраната и не му одреди притвор на Јакимовски. Обвинителството настапи без какви било докази, со што уште еднаш покажа дека е продолжена рака на оваа власт. На Јакимовски му е изречен куќен притвор и одземен му е пасошот“, рече адвокатот на Јакимовски, Виктор Цветковски.
Јакимовски е осомничен за злоупотреба на службената положба во периодот од 2011 до 2017 година.
Во случајот вкупно се осомничени 9 лица. Кривичниот совет одреди мерки на претпазливост за двајца од осомничените.
Во периодот од 2011 до 2017 година вработени во Општина Карпош, на чело со тогашниот градоначалник Стевчо Јакимовски, легализирале бараки во сопственост на фирми и на тој начин им овозможувале да стекнат државно земјиште по багателни цени.
Станува збор за привремени објекти во општина Карпош, на улицата Илинденска, кои биле во сопственост на фирмите.
Според МВР, компаниите „Гром промет“, ЕМАГ, ДОТ „Мебел“ и физичкото лице Т.Ѓ. побарале утврдување правен статус, односно легализирање на нивните монтажни бараки, кои според законот не се сметаат за бесправно изградени објекти.
Сепак, и покрај ова, Јакимовски и уште четворица вработени во Општината за кои има кривични пријави, на бараките им дале третман на бесправно изградени објекти и дале согласност тие да се вклопат во урбанистичко-планската документација.
Станува збор за привремени објекти во општина Карпош, на улицата Илинденска, кои биле во сопственост на фирмите.
Според МВР, компаниите „Гром промет“, ЕМАГ, ДОТ „Мебел“ и физичкото лице Т.Ѓ. побарале утврдување правен статус, односно легализирање на нивните монтажни бараки, кои според законот не се сметаат за бесправно изградени.
Со ова на фирмите им било овозможено бараките да бидат впишани како легални објекти во нивна сопственост, а со тоа добиле ексклузивно право да извршат откуп на државното земјиште на кое биле сместени монтажните објекти.
Ова, според кривичната пријава, е спротивно на Законот за градежното земјиште, според кој привремени објекти не се дел од градежно земјиште и за нив не може да се бара стекнување право на сопственост на градежното земјиште.
Сепак, и покрај ова, како што велат од МВР, „Гром промет“ стекнала земјиште од 1.533 квадратни метри, кое како градежно неизградено земјиште во 2016 година имало вредност од најмалку 448 илјади евра.
ЕМАГ ДООЕЛ стекнала земјиште од 722 квадратни метри, кое во 2016 година имало вредност од 211 илјади евра.
На ДОТ „Мебел“ и на физичкото лице Т.К., пак, им било овозможено да откупат државно земјиште за 450 денари за квадратен метар, иако, ако се одржело јавно наддавање, почетната цена за таа локација би била 300 евра за квадрат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација
Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.
Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.
– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.
Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија од вчера функционира кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.
За дополнителни информации и помош, на располагање се:
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546.
Македонија
Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.
Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.
Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.
Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.
-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.
Македонија
Почна седницата на Советот за безбедност во Вила Водно
Почна седницата на Советот за безбедност што ја закажа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на која на дневен ред е безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на седницата присуствуваат членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Начинот на работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, начинот на остварување на правата и исполнувањето на должностите на членовите на Советот, свикување и одржување на седниците, спроведувањето на заземените ставови, поведените иницијативи и дадените мислења и предлози, информирањето за својата работа, како и други прашања во врска со организирањето и начинот на работа на Советот, се определени со Деловник за работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.
Седниците на Советот се затворени. Во одредени случаи седниците можат да бидат и јавни за што одлучува претседателот на Советот.

