Македонија
МТСП: Се очекува социјалната реформа пратениците да ја изгласаат до крајот на март

Јавна расправа за предлог-законот за социјална заштита денеска ќе се одржи во Собранието, покрај учеството на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и пратеници се очекува да дискутираат и претставници од граѓанските организации и експерти.
Предложениот Закон за социјална заштита е една од трите законски регулативи од социјалната реформа со кои се преобразува целото општество и начинот на кој државата се грижи за најранливите, но и се воведува праведна распределба на средствата.
Министерството за труд и социјална политика коешто ја подготви социјалната реформа очекува пратениците во најскоро време да ги донесат законите со кои се овозможуваат реформи во социјалната сфера, а треба да им овозможат поквалитетен живот на сите граѓани.
Според проценките на МТСП, со социјалната реформа ќе бидат извлечени 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија, но и ќе се обезбедат еднакви шанси за секое дете.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кампања на Царинска управа „Стоп за корупција“ за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата

„Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава. Корупцијата е двонасочна – и давање и примање мито е криминал“, е главната порака која сакаме да допре до секој граѓанин преку кампањата „Стоп за корупција“, извести Царинската управа.
Во рамки на кампањата „Стоп за корупција“, до 25-ти април на граничните премини и царинските испостави ќе се делат брошури преку коишто јавноста ќе може да се информира за начините за пријавување корупција, како и за штетните последици што ги предизвикува истата.
„Ги повикуваме сите граѓани кои ќе бидат сведоци на корупција истото да го пријават на отворената телефонска линија 197 на Царинската управа.
Корупцијата ја поткопува националната безбедност и доведува до даночни загуби, при што како Царинска управа преземаме сеопфатен пристап се со цел целосно сузбивање на корупцијата. Детектирани се ризични точки по кои делуваме преку зголемени контроли, но и спроведување на брзи и ефикасни истраги.
Во текот на изминатите денови кампањата беше спроведена на граничните премини и царинските испостави Аеродром Св. Апостол Павле Охрид, Меџитлија, Прилеп, Богородица, Гевгелија, Дојран, Блато, Струга, Ќафасан.
Годинава Државната комисија за спречување на корупцијата во извештајот за 2024 година не оцени на високо петто место од вкупно 72 институции во спроведување на политики за интегритет, при што особено се забележани подобрувања во делот на идентификуваните точки на ризици од корупција, како и преземени конкретни чекори за спречување судир на интереси меѓу кои и изречени дисциплински, но и откази за царински службеници кои постапувале спротивно на законите“, соопшти Царинската управа.
Македонија
Филипче да каже дали исто како Заев има златна виза за Дубаи, и да објасни како ја стекнал, бара ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев поседува златна виза во Дубаи, но ја повикуваме неговата верна сенка и чувар на лидерското столче во СДС, Венко Филипче, да објасни дали тој поседува иста таква виза, бара ВМРО-ДПМНЕ.
„Со оглед на тоа што ова е документ кој се добива со инвестиција, која е од неколку милиони, прашањето е колку милиони однесе во Дубаи Венко Филипче?
Дали тоа е ќарот од ковид кризата, и криминалот направен во тоа време?
СДС да одговори прецизно, дали Филипче има златна виза и како ја добил?“, прашуваат од партијата на власт.
Очекуваат, како што велат, конкретни одговори.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС е синоним за неспособност, криминал и предавства.
Македонија
ЈП Водовод и канализација: утре ќе работат шалтерите за наплата

ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека на ден 18.04.2025 година (петок), шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат, од 07:30 до 15:30 часот.
Според соопштеното, 21.04.2025 година (понеделник) е неработен ден.