Свет
Француските обвинители отворија нова истрага против рускиот сенатор Керимов
Обвинителите во францускиот град Ница отворија нова истрага против рускиот бизнисмен и сенатор Сулејман Керимов по обвиненијата за заговор во големо даночна затајување, изјави за ТАСС обвинителот од Ница Жан-Мишел Претр.
Обвинителот истакна дека сенаторот Керимов, кој во моментов е во Франција, платил кауција од 20 милиони евра. Датумот на следното судско рочиште не е објавен.
Претходно беше објавено дека истрагата против Керимов била отворена по барање на француското Министерство за економија и финансии под сомнение дека затајувал данок пријавувајќи лажна вредност на купен имот.
Властите, кои ги чешлаа договорите за купување на имотот во Кап д’Антиб во Франција, веруваат дека пријавената цена на вилите и палатите била значително намалена за Керимов да не плати голем данок.
Керимов ги негираше тврдењата дека тој го поседува тој имот, тврдејќи дека сопственик е швајцарски бизнисмен Александар Студхалтер, кого властите, исто така, го сомничат за даночно затајување.
Сулејман Керимов, член на горниот парламентарен дом на Советот на Руската Федерација, беше уапсен на аеродромот во Ница до 21 ноември 2017 година. Веднаш по неговото притворање, Москва го информираше Париз дека тој како сенатор има дипломатски имунитет. Но француското Министерство за надворешни работи соопшти дека дипломатскиот имунитет на Керимов е применлив само за неговите службени должности.
Следниот ден, Керимов бил обвинет за перење пари и даночно затајување до 750 милиони евра. Кон крајот на јуни 2018 година, судот во Екс-ан-Прованс ги отфрли сите обвиненија против рускиот сенатор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

