Македонија
(Видео) Невладините до власта: Потценувачка е сумата од 100 евра за издршка на лице со попреченост
Претставници на граѓанските организации за лица со попреченост и хендикеп го изнесоа револтот од законот за социјална заштита, кој, според нив, не нуди правични решенија за оваа категорија граѓани. Најгласна беше Бранкица Димитриевска од здружението „Хендикеп“, која јасно ги праша пратениците дали знаат колку чини месечен трошок на едно вакво лице. Според неа, издвоената сума од 7.000 денари е потценувачка и со тие пари не може да се покријат ни половина од трошоците.
„Значи, не знам зошто се лутите кога ќе ви упатат критики, па вие сте избрани од граѓаните, сте го прифатиле тоа и ако ова е демократски дом, треба да слушнете реални проблеми. Не знам дали сте се запрашале колку чини животот на лице со хендикеп. Ова што го правите е срамно“, рече Димитриевска.
Истиот став го дели и Благица Димитровска од здружението „Инклузива“, која е мајка на дете со попреченост. Рече дека инклузивност на вакви лица на хартија нема да ја промени нивната состојба, побара институционална грижа и повисока финансиска поддршка за децата со попреченост.
„Ако мене ме прашувате, јас би требало да живеам уште најмалку 50 години за да се грижам за мојот син со попреченост. Кога ќе починам, би сакала и тој да почине со мене. Кому ќе му го оставам моето дете, за каква инклузивност зборуваме? Да го оставам на неговиот брат, кој има семејство, три деца и да му го упропастам и неговиот живот. Праќам порака дека доколку сакате да ја подобрите оваа состојба, треба вистински да се заложите зашто вака состојбата е загрижувачка“, рече Димитровска.
Ашмет Елезовски од невладината организација „Национален ромски центар“, пак, рече дека и да се донесе законот, тој нема да ја смени положбата на сиромашните затоа што, според него, праксата покажува дека законите секој си ги толкува како сака.
„Вие сте пратеници, си имате бенефиции, си седите во фотелјите, ако работите прекувремено, ќе си земете повисоки дневници, имате патни трошоци и затоа од тука треба да размислите за првата на социјално загрозените и да ги земете предвид нашите предлози. Кај нас законите се толкуваат по слободна волја. Ќе ви наведам прост пример. Оди социјален работник на терен и во маалото ги прашува комшиите, овој има куќа така, има телевизор, и врз основа на тоа кажано не докажано прави извешај – не му следува. Па, дали тој може да ги јаде ѕидовите и каучот?“, рече Елезовски.
Инаку, јавната дебата следува по поднесувањето на предлог-законското решение за социјална заштита како реформа со која според предлагачите ќе бидат опфатени 400.000 граѓани преку разни мерки, меѓу кои зголемување на социјалната помош, право на детски додаток, помош за згрижувачки семејства, социјална пензија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

