Спорт
Почна седмата сезона на интернационалниот проект „Фудбал за пријателство”
Компанијата Газпром (Gazprom), официјален партнер на УЕФА Лигата на шампиони, ја почна седмата сезона на „Фудбал за пријателство“, најголемиот општествено-одговорен проект во светот наменет за деца вклучени во спортот. Македонија оваа година третпат по ред ќе биде учесник во овој проект кој минатата година во текот на Светското првенство во фудбал во Русија обедини 211 земји и територии од целата планета. Овогодишниот форум, дел од проектот, ќе се одржи од 28 мај до 2 јуни, во неделата на одржување на финалниот натпревар од УЕФА Лигата на шампиони во главниот град на Шпанија, Мадрид. Цел на проектот и оваа година е да го поддржи развојот на детскиот и младинскиот спорт, промовирајќи здрав и активен начин на живот и негување на почит и толеранција помеѓу различни нации и култури ширум светот.
Момчиња и девојчиња, меѓу кои и деца со физички недостатоци и посебни потреби, секоја година учествуваат во програмата „Фудбал за пријателство“, во чии рамки заедно промовираат девет вредности: пријателство, еднаквост, фер игра, здравје, мир, посветеност, победнички дух, почит кон традициите и чест. Македонија и оваа година ќе учествува со свои претставници во рамки на проектот„Фудбал за пријателство“, локално поддржан од агенцијата „АПРА Портер Новелли Македонија“.

Во текот на одржувањето на седмата сезона на проектот „Фудбал за пријателство“, ќе бидат реализирани различни активности и настани во земјите ширум светот. Составот на интернационалните тимови за пријателство“ ќе биде одреден во текот на отворената ждребка, а тимовите ќе бидат именувани по ретки животински видови, во согласност со мисијата на овој проект за заштита на животната средина. И оваа година, низ целиот свет ќе биде одбележан Интернационалниот ден на фудбал и пријателство, во чии рамки деца и возрасни ќе бидат дел од различни активности за поддршка на проектот – спортски пријателски натпревари и отворени часови за пријателство, притоа разменувајќи аки на пријателство – официјален симбол на проектот кој со својата сина боја го означува мирното небо, а со зелената – фудбалскиот терен.
Младите новинари – децата од целиот свет ќе учествуваат во работата на Интернационалниот детски прес-центар кој ќе известува за настаните и активностите од новата сезона на проектот „Фудбал за пријателство“. Децата новинари ќе се обучуваат да станат вистински репортери и да ги искористат новостекнатите знаења за да известуваат за завршните настани во рамки на проектот кои ќе се реализираат во Мадрид, рамо до рамо со водечки светски медиуми кои и оваа година директно ќе го следат настанот.
Покрај своите врсници во улога на известувачи, фудбалски играчи или млади тренери, оваа година за првпат учество во проектот ќе имаат и млади судии кои посетуваат курсеви за фудбал во своите матични земји. Сите тие, заедно, активно ќе учествуваат во програмата „Интернационален камп за пријателство“, која опфаќа низа образовни и спортски работилници и активности, предводени од страна на фудбалски асови, тренинзи под будното око на младите тренери, како и стручни предавања и забавни содржини – дел од Школата за деветте вредности.
Како дел од завршната манифестација ќе биде одржан и Интернационалниот форум на фудбал и пријателство. Дополнително, главниот настан од финалната фаза на проектот – Светско првенство во фудбал и пријателство ќе се одржи на плоштадот Плаза Мајор, во самото срце на Мадрид. Активностите во рамки на седмата сезона на проектот ќе бидат заокружени со присуство на сите учесници на финалето на УЕФА Лигата на шампиони кое ќе се одржи на стадионот “Ванда Метрополитано“ (Wanda Metropolitano).

“Проектот ’Фудбал за пријателство’, кој се организира под покровителство на компанијата ‘Газпром’, преку спортот негува универзални човечки вредности кај младите генерации. Рушејќи ги сите бариери помеѓу луѓето, овој проект им дава можност на младите да почувствуваат припадност преку неговите цели и овозможува нивниот глас да биде препознаен. ’Фудбал за пријателство’ како проект ја поттикнува креативната работа во мулти-културен амбиент, со што исклучително придонесува за создавањеа глобално спортско општество“ – истакна Микаел Пуќ (Miquel Puig), сопственик и директор на Младинската академија Soccer Barcelona.
Според Ананја Камбоџа, млада новинарка од Индија, проектот „Фудбал за пријателство“, благодарение на својот глобален досег, исклучителна популарност и позитивните вредности кои ги промовира, претставува моќно средство за надминување на општествените и економските бариери, а истовремено им помага на младите да се спознаат себеси и да се доближат до светот околу нив.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Роналдо во 2025 година заработил двојно повеќе од Меси
Кристијано Роналдо повторно е на врвот на годишната листа на „Спортико“ на најплатени спортисти. Португалецот заработил двојно повеќе од неговиот долгогодишен ривал Лионел Меси во текот на 2025 година. Напаѓачот Ал-Наср остварил приход од 260 милиони долари, а на листата на 100-те најплатени играчи има вкупно 13 фудбалери.
Роналдо, трета година по ред е на врвот на листата на „Спортико“, Неговиот договор со клубот од Саудиската професионална лига наводно му носи 200 милиони долари годишно, плус 60 милиони долари од други деловни потфати. Португалецот заработувал најмалку 100 милиони долари девет години по ред, а ова е трет пат неговата заработка да надмине 200 милиони долари.
Неговиот успех надвор од теренот се темели и на рекордниот број следбеници на социјалните мрежи, кој вкупно надминува една милијарда, и на профитабилни спонзорски партнерства со компании како што се „Најки“, „Хербалајф“, „Бинанс“, „Перплексити“, „Јили“ и „Терабоди“.
Лионел Меси е на третото место на листата со заработка од 130 милиони долари во 2025 година, што е половина од сумата на Роналдо. Аргентинската ѕвезда потпиша нов договор со Интер Мајами до 2028 година.
Во меѓувреме, Роналдо работи и на продолжување на договорот со Ал-Наср до летото 2027 година, а се споменува дека двајцата би можеле да играат на Светското првенство, кое оваа година се одржува во САД, Канада и Мексико.
Меѓу двајцата фудбалери се наоѓа мексиканскиот боксер Канело Алварез, благодарение на профитабилниот договор со саудиските промотори.
Бразилецот Нејмар, кој се споменува и како можен учесник на Светското првенство, падна на 30-то место на листата. Откако го раскина договорот со Ал-Хилал, тој се врати во својот матичен клуб Сантос на почетокот на 2025 година. Поради значително пониските заработки во Јужна Америка, неговата заработка се намали за речиси 50 милиони долари во споредба со претходната година.
Вкупната заработка на 100-те најплатени спортисти е 6,05 милијарди долари, што е намалување од 2,1% во споредба со минатата година. Прагот за влез на машката листа беше 37,9 милиони долари, додека најплатена спортистка е тенисерката Коко Гоф со заработка од 37,5 милиони долари.
Најзастапен спорт е кошарката, со 40 играчи од НБА на листата. Тие се предводени од Леброн Џејмс, кој беше најплатен кошаркар во 12 од последните 13 сезони. Следи американскиот фудбал со 22 играчи од НФЛ, меѓу кои Патрик Махоумс заработува најмногу.
Фудбалот има 13 претставници меѓу првите 100, од кои пет се во првите 20. Карим Бензема, кој исто така игра во Саудиската професионална лига, е на шестото место, Килијан Мбапе е надвор од првите десет, а Ерлинг Халанд е на 18-то место.
Овде можете да ја видите целата листа на „Спротико“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Баерн подготвува сензационален трансфер
Баерн Минхен, има намера да го ангажира Бруно Фернандеш (31) и да го комбинира со Хари Кејн, пишува британскиот „The i Paper“. Извесно е дека Португалецот ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Овој извор не открива дали намерата на Баерн е да го реализира трансферот во зимскиот преоден рок.
Овој извор, потенцира дека за клубовите кои не се од Премиер лигата откупната клаузула на Бруно изнесува 57 милиони фунти, односно 67,26 милиони евра (77 милиони долари),
Баерн, наводно е подготвен да го стори тоа за да внесе поголема креативност во тимот, што би требало да му помогне и на Кејн.
Фернандеш е во Манчестер точно шест години, постигна 103 гола и забележа 95 асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Тотален дебакл
Фудбалерите на Реал Мадрид сензационално загубија во првиот натпревар под водство на новиот тренер Алваро Арбелоа. „Кралскиот клуб“, доживеа пораз во Албасете, од 17-от тим во Втората шпанска лига со 3.2.
Хави Виљар го доведе домашниот тим во водство, а Франко Мастантуоно постигна гол за израмнување. Уште еден гол за домаќините постигна Хефте Бетанкор во 82-та минута, Гонзало Гарсија повторно израмни во 91-та минута, но Бетанкор со брилијантен гол во 94-та минута му пресуди на шампионот.
Овој резултат особено одекна во шпанските медиуми. „Марка“, водечкиот весник во Мадрид, го наслови својот извештај од натпреварот со: „Тотален дебаклл“ и потенцира дека „Овој Реал (Мадрид) е навистина срамен“.
Друг текст во кој се коментира натпреварот заклучува дека фудбалерите на Реал ги очекуваат свирежи во сабота, кога играчите на Арбелола го играат својот следен домашен натпревар против Леванте.
„Најлошото нешто што можеше да му се случи на Реал Мадрид беше тоа што по првите 20 минути од натпреварот, маглата се крена и го обви стадионот „Карлос Белмонте“ и ја разоткри срамната изведба што ги исфрли од Купот на кралот. Кризата во Реал Мадрид доби извонредни размери, за три дена се изгубени две титули, еден тренер беше отпуштен, а вториот „смртно ранет“ започна со својата работа.
Арбелоа ризикуваше со изборот на тимот, одмори четири клучни играчи и, иако вината не треба да се префрли само на тренерот кој е со тимот едвај 48 часа, тој веќе остана без еден трофеј. И да се помисли дека овој тим може да ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите е само желба.
Реалноста е дека играчите, не сите, туку огромното мнозинство, не беа воодушевени ниту од новиот тренер. Тие не очекуваа чуда од ненадејната смена на Чаби Алонсо, но барем се надеваа на промена во ставот на играчите. Ништо од тоа не се случи. Единствената промена беше во однесувањето на тренерот.
Сепак, тренерот ги изненади сите со својот настап на прес-конференцијата, беше претерано попустлив кон играчите, на кои дури и им се заблагодари.
Реал Мадрид беше целосно неефикасен во текот на целиот натпревар, предводен од Винисиус, кој сигурно не се истакнуваше. Играше како Чаби Алонсо да е сè уште на клупата. Валверде исто така не понуди ништо. А Мастантуоно, чија единствена светла точка беше гол, едвај го зголеми својот рејтинг.
Неговиот настап беше неверојатно лош, разбеснувачки и сигурно не го оправдува фактот дека, на 18 години и со таква игра, јавно не го отфрли својот поранешен тренер. Тие се враќаат на Бернабеу во сабота. Ги чека тежок период“, се наведува во тексто на „Марка“.
Foto/ EPA

