Црна хроника
Се тепале со палки во експозитура на „Стопанска банка“
Млади момчиња се тепале со палки, а пресметката ја продолжиле и во експозитура на „Стoпанска банка“ во Тетово.
Во понеделникот попладне околу 14 часот две момчиња од Тетово, од едната страна, и две други момчиња од тетовското село Слатино, од другата страна, почнале да се расправаат, а потоа и да се тепаат. Едниот тетовец извадил метална шипка и удрил едно од момчињата од Слатино во пределот на главата и избегал. Другиот тетовец побегнал во експозитурата на „Стопанска банка“ и тепачката со дрвена палка продолжила во банката, каде оштетиле еден принтер. Тетовската полиција извршила увид, лицата се приведени и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кавадарчанец удирал сограѓанин со пиштол по главата
Денеска во 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Б.(44) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци, по кратка расправија, физички го нападнал Б.Ч.(32) од Кавадарци и го удирал со пиштол по главата.
С.Б. бил приведен во полициска станица, а пиштолот бил одземен.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Контролор на ЈСП Скопје претепан во автобус
Вчера во 19.20 часот во СВР Скопје, С.А.(44) од Скопје пријавил дека во 19.02 часот на работното место како контролор во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно машко лице кое немало билет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсени тројца кумановци: биле барани по потерница за издржување казна затвор за тешка кражба
Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 32-годишниот О.Ј., 36-годишниот Г.Н. и 29-годишниот Ѓ.М. од Куманово, кои биле барани по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Тие биле спроведени во Казнено – поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.