Свет
Руски воени функционери во Венецуела на разговори за одбраната

Група руски воени лица пристигнаа во Каракас, главниот град на Венецуела, за да учествуваат во консултациите со официјалните претставници на земјата за соработка во одбранбената индустрија, изјави дипломатски извор во Каракас за „Спутник“.
„Руските воени лица ќе земат учество во билатералните консултации“, рече изворот прашан за можното пристигнување на два авиона со руска војска.
Изворот истакна дека нема ништо мистериозно во тоа бидејќи посетата е директно поврзана со договорите што ги потпишаа двете земји пред неколку години.
„Русија и Венецуела имаат голем број договори што се спроведуваат вклучувајќи и договори за воена и техничка соработка“, додаде изворот.
Авионите пристигнаа во главниот град на Венецуела во саботата. Медиумите претходно објавија дека околу 99 руски воени лица пристигнале во Каракас со два авиона, кои исто така доставиле 35 тони товар.
Во меѓувреме, Венецуела е во сериозна политичка криза речиси два месеца откако лидерот на опозицијата во земјата, Хуан Гваидо, незаконски се прогласи за привремен претседател оспорувајќи го реизборот на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, минатата година.
Самопрогласениот привремен претседател веднаш доби поддршка од страна на САД, кои исто така го осудија реизборот на Мадуро заедно со голем број други земји.
И Каракас и Москва изразија загриженост дека Вашингтон може да прибегне кон воени средства за соборување на Мадуро од власт. Кина, Куба, Русија и голем број други земји го признаваат Мадуро како единствен легитимен претседател на Венецуела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин вели дека денес ќе разговара со Трамп

Рускиот претседател, Владимир Путин, денес изјави дека подоцна во текот на денот ќе разговара со својот американски колега Доналд Трамп.
Ова ќе биде шестиот јавно познат разговор меѓу двајцата лидери откако Трамп се врати во Белата куќа во јануари, а ќе се одржи во услови на досега неуспешни напори на Соединетите Американски Држави да преговараат за прекин на огнот во Украина.
Двајцата претседатели последен пат разговараа на 14 јуни, а главната тема на нивниот разговор беше Иран.
Европа
Украина припаѓа на Европската Унија, му рече данската премиерка на Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Орхус, западна Данска, каде што ќе присуствува на одбележувањето на почетокот на данското претседателство со Советот на Европската Унија.
Според најавата на данската влада, Зеленски ќе разговара со премиерката Мете Фредериксен, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, и со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.
Тие ќе разговараат за поголема воена поддршка за Украина, соработка со украинската одбранбена индустрија и нови санкции против Русија.
„Украина припаѓа на Европската Унија, тоа е во интерес и на Данска и на Европа. Затоа данското претседателство ќе направи сè што може за да ѝ помогне на Украина на патот кон членство во ЕУ“, рече Фредериксен.
Данската премиерка истакнува дека ЕУ мора да ја зајакне Украина и да ја ослаби Русија.
„Украина е клучна за безбедноста на Европа. Мора да го зголемиме притисокот врз Русија“, рече Фредериксен.
Свет
Песков: Крајот на специјалната воена операција во Украина ќе биде поблиску доколку пристигнува помалку оружје од Западот

Крајот на војната во Украина ќе зависи од количината западно оружје што ќе го добие Киев, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата во врска со снабдувањето на Украина со оружје и дека забележува одредени проблеми.
„Колку помалку ракети пристигнуваат во Украина од странство, толку е поблиску крајот на специјалната воена операција“, истакна Песков.
Претходно, како што објави „РИА новости“, порталот „Политико“ пишуваше за привременото запирање на испораките на муниција и оружје од САД за Украина поради исцрпувањето на американските резерви.
Заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, потврди за Ен-би-си дека имало прекин во испораките наведувајќи дека одлуката е донесена за да се заштитат интересите на Америка како приоритет.
Исто така, републиканскиот конгресмен и член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, Брајан Фицпатрик, побара итен брифинг од Белата куќа и од Пентагон во врска со прекинот на воените испораки на Киев.
Коментирајќи ги овие наводи, Песков изјави дека „се чини оти американската индустрија не успева да произведе доволен број ракети, особено затоа што големи количини беа испорачани во Израел и во Украина, а испораките сè уште се во тек“ додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата, пренесува „Танјуг“.