Македонија
(Видео) Власта со Беса и Алијансата ќе обезбедува мнозинство за СЈО
Фадил Зендели од Беса денеска информира дека биле повикани на работна средба за СЈО, но до власта порача дека тие ќе стават свои барања на маса доколку сакаат да добијат поддршка. Еден од предлозите на Беса е СЈО да остане да продолжи да работи како самостојна институција, да им се продолжи рокот за иницирање постапки, а бомбите и натаму да бидат користени како докази во постапките.
„Разговараа со ДУИ, со ВМРО-ДПМНЕ и кога Владата не најде компромисно решение за СЈО, нè повика нас, кои претходно бевме исклучени од преговорите. Не само ние како Беса, туку и други политички фактори од Собранието сега сакаат да си обезбедат двотретинско мнозинство и нè бараат за средба. Ние како партија стоиме на ставот дека СЈО не ги исполни очекувањата на јавноста, мислам на целта за која беше формирано. Даде минимални резултати, а требаше да биде главна алатка за борба со корупцијата. Знаеме дека СЈО немаше еднаков пристап кон сите предмети, за едни беше мајка за други маќеа. И сега се поставува прашањето ако ова институција како независна не ги исполни очекувањата, како сега ќе даде резултати кога ќе биде дел од друго обвинителство“, рече Зендели.
Покрај Беса, на следната работна средба биле повикани и од Алијансата за Албанците. Дополнително на преговори за законот за СЈО ќе бидат повикани и од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, брифираат собраниски извори за „Макфакс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

