Европа
Над 430 украински војници во понеделникот преминале во Русија

Во серијата преминувања на украински војници на руската територија, ноќта кон понеделникот границата ја минале уште 438 војници, за кои Киев тврди дека се решиле на таков чекор бидејќи им снемало муниција, додека портпаролот на пограничната управа на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) за Ростовската област, Василиј Малаев изјави дека украинските војници рекле дека самите ги уништеле оружјата и муницијата пред да ја напуштат својата единица.
Во серијата преминувања на украински војници на руската територија, ноќта кон понеделникот границата ја минале уште 438 војници, за кои Киев тврди дека се решиле на таков чекор бидејќи им снемало муниција, додека портпаролот на пограничната управа на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) за Ростовската област, Василиј Малаев изјави дека украинските војници рекле дека самите ги уништеле оружјата и муницијата пред да ја напуштат својата единица.
Ноќта кон понеделникот 438 украински војници побарале од локалните власти во руската Ростовска област да им даде прибежиште. За нив бил отворен хуманитарен коридор преку кој тие успеале да стасаат до руската територија.
„При пристигнувањето на територијата на Русија, тие го уништиле оружјето и резервите со муниција“, изјави Малаев пренесува РИА Новости.
Според него, добиени се информации дека дел од војниците кои останале на територијата на Украина, исто така, имаат намера да минат на руска територија. Додал дека меѓу преминатите украински војници 164 биле граничари.
Од друга страна, Алексеј Дмитрашковски, портпаролот на воената операција којашто Киев ја нарекува „антитерористичка“ и веќе четврти месец ја спроведува во источниот дел од земјата кој е под контрола на проруските бунтовници, изјави за украинските медиуми дека група војници од 72-та моторизирана бригада на армијата на Украина била принудена да премине на руска територија, бидејќи им снемало муниција.
Според него, на војниците коишто биле во опсада од бунтовниците им снемало муниција и откажало оружјето. „Имаше оштетена воена техника. Потоа припадниците на единиците беа принудени да се упатат кон областа на програничниот премин на Русија. Според последните извештаи, војниците во моментот се наоѓаат на руска територија. Нивниот број се уточнува“, изјави Дмитрашковски, пренесува агенцијата УНИАН.
Претходно во неделата Итар-Тасс јави дека уште 12 украински војници го положиле оружјето и ја минале руската граница. „Војниците го положија своето оружје и минаа на територијата на Руската Федерација кај граничниот премине ‘Гуково’ (каде во неделата набљудувачите на ОБСЕ беа сведоци на гранатирање од украинска страна). Во моментов тие ги објаснуваат причините за она што го сторија“, изјави за агенцијата претставник на пограничната управа на Федералната служба за безбедност (ФСБ) за Ростовската област. Додаде дека станува збор за припадници на 72-та моторизирана бригада на украинската армија. Двајца украински граничари, пак, исто така минале на руска територија и побарале руско државјанство.
На 27-ми јули, покрај повеќето поединечни примери, се случи најмасовното преминување на украински војници на територијата на Русија, кога 41 војник ги напушти своите единици и од бунтовниците побараа да им помогнат да дојдат до руската територија кај истоимениот руски град Донецк.
Според извори од руските безбедносни служби на Итар-Тасс, украинските војници кои кон крајот на јули преминаа во Русија изјавиле дека „не сакаат да војуваат против сопствениот народ“. Повеќето од нив биле мобилизирани во Украина и побарале преку Русија да се вратат во татковината, и покрај тоа што таму ги очекува повикување на одговорност поради дезертирање./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин