Свет
Речиси 1,85 милион луѓе погодени од циклонот во Мозамбик
Само во Мозамбик од циклонот Идаи и неговите последици се погодени речиси 1,85 милион луѓе, соопшти во вторникот ОЦХА, хуманитарната организација на ОН, а хумантарните работници се обидуваат да го согледаат обемот на катастрофата и да утврдат која помош е најпотребна.
„Некои се во критични, опасни за животот ситуации. Некои, за жал, изгубија сè, но во исто време оваа ужасна трагедија не им го загрозува животот“, рече координаторот на ОЦХА, Себастијан Родес Стампа.

Идаи ги разурна домовите и предизвикаа поплави кога дојде до копното во близина на пристанишниот мозамбички град Беира на 14 март. Потоа ги опустоши соседните Зимбабве и Малави.
Најмалку 686 лица загинаа во невремето и нејзините последици во трите земји, но бројките може да растат, а хуманитарните работници се подготвуваат за неизбежна појава на болести, вклучувајќи маларија и колера.

Мозамбик е најтешко погоден од хуманитарната криза, десетици илјади домови беа уништени, а стотици илјади луѓе беа раселени низ целата земја на површина од 3.000 квадратни километри, што е приближно со големина на Луксембург.
„Големината може да се утврди, но последиците не. Единствено ни преостанува од хеликоптер да ги спуштаме луѓето на теренот за да се утврди што е најпотребно“, рече Стампа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

