Спорт
„Пропаганда е дека Баерн испратил понуда за Јовиќ“
„Мундо депортиво“, односно новинарот Мигел Рико, тврди дека Баерн испратил конкретна понуда од 56 милиони евра до Ајнтрахт за трансферот на Лука Јовиќ..
Баварците негираат дека испратиле таква понуда, а германските медиуми пишуваат дека главна трансфер-цел на Баерн ова лето ќе биде Тимо Вернер.
„’Мундо депортиво’ е каталонски весник и само тој го поврзува Јовиќ со Баерн. Повеќето од германските медиуми тврдат дека прва цел на Баерн е Тимо Вернер. Поради тоа, навивачите на Баерн се скептици кога станува збор за наводната понуда за Јовиќ бидејќи ‘Мундо депортиво’ е весник што ја има функцијата на портпарол на Барселона“, пишува порталот bavarianfootballworks.com.
Во текстот се додава дека Барселона не треба да биде загрижена од наводниот интерес на Баерн бидејќи Јовиќ сакал да ја напушти Бундеслигата.
„Сите што ја следат трансфер-политиката на Баерн знаат дека раководството го договара трансферот многу пред да упати официјална понуда. Се чини дека целта е да се покаже дека Барселона се бори со гигантите за ова засилување. Тоа е пропаганда. Јовиќ можеби ќе дојде во Баерн, а можеби и не, но нема причина да се верува во овие наводи“, пишува порталот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лионел Меси се врати на „Камп ноу“
Според многумина, најдобриот фудбалер во историјата, Лионел Меси, го посети стадион „Камп Ноу“, кој е во последна фаза од реновирањето. На овој стадион, 38-годишниот Аргентинец доживеал многу брилијантни моменти во својата кариера носејќи го дресот на Барселона.
Лионел Меси го носеше дресот на Барселона 2004 до 2021 година, и сосема е логично што неговата „тајна“ посета во неделата навечер била придружена со емотивна порака.
„Синоќа се вратив на местото што ми недостига во душата. Местото каде што бев неизмерно среќен, каде што ме направивте да се чувствувам илјада пати посреќен“, се зборовите со кои започнува објавата на Меси на Инстаграм.
Меси не се враќа во клубот што го водеше до најславните моменти од неговото основање, но не ја затвори ниту вратата за таа можност.
„Се надевам дека еден ден ќе можам да се вратам, а не само да се збогувам како играч, што никогаш немав можност да го направам“, подвлече Меси во емотивната порака.
Пред круната на неговата кариера, осовоејувањето на титулата на Светското првенство во 2022 година во Катар, Меси ја предводеше Барселона до 10 титули во Ла Лига, седум во Купот на кралот и четири во Лигата на шампионите.
Потоа, тој ги бранеше боите на Пари Сен Жермен две сезони, а сега влезе во третата сезона откако го носи дресот на Интер од Мајами.
Спорт
Јуриќ доби отказ, на неговото место доаѓа Паладино
Италијанските медиуми пред пет дена објавија дека два натпревари ќе ја одредат судбината на Иван Јуриќ на клупата на Аталанта.
Првиот го доби, против Марсеј во Лигата на шампионите, во вториот доживеа дебакл на домашен терен од Сасуоло (0:3).
Италијанскиот инсајдер, новинарот, Николо Скира, тврди дека Иван Јуриќ ќе биде отпуштен. Според овој извор, Аталанта има фаворит за нов тренер.
Тоа е Рафаеле Паладино, кој зад себе има само два тренерски ангажмани. Ја водеше Монца (2022-2024) и Фиорентина минатата сезона. Двете страни треба да потпишат договор со до летото 2027 година.
Јуриќ ја презеде Аталанта ова лето од клупската легенда Џанпјеро Гасперини, а во 15 натпревари постигна само четири победи со осум нерешени резултати и три порази.
Спорт
Хамилтон: Ова е кошмар, го живеам веќе некое време
Луис Хамилтон не можеше да ја скрие својата фрустрација по уште еден тежок викенд во Ферари. Британецот доживеа серија судири, казни и конечно се повлече во Сао Паоло, продлабочувајќи ја кризата во својата дебитантска сезона во црвениот болид. Седумкратниот шампион признава дека веќе некое време се чувствува како да е заглавен во кошмар.
Седумкратниот светски шампион мораше да се откаже по хаотичниот настап обележан со комбинација од судири, казни и технички проблеми.
Хамилтон имаше две „блиски средби“, прво со возачот на Вилијамс, Карлос Саинц, а потоа и со Франко Колапинто од Алпин.
Хамилтон подоцна призна за „Скај Спортс Ф1“, дека тешко се носи со резултатите што ги постигнува оваа сезона.
„Ова е кошмар, го живеам веќе некое време“, рече Хамилтон. „Таа разлика помеѓу сонот да возам за овој неверојатен тим и кошмарот од резултатите што ги имаме, подеми и падови – тоа е предизвикот.“
„Сепак, ќе се издигнам, ќе продолжам да тренирам и да работам со тимот. Навистина сакав да освојам поени овој викенд, но ќе се вратам најсилен што можам на следната трка и ќе се обидам да го поправам тоа.“

