Македонија
(Видео) Антикорупционерите се сомневаат во уставните судии, отворен предмет за мораториумот во Центар

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе отвори предмет за одлуката на Уставниот суд за укинување на мораториумот на урбанистичките планови во општина Центар. Предметот ќе биде отворен на барање на „О2 иницијативата“, од каде што на антикорупционерите им посочиле дека Уставниот суд за едни постапува бргу, а за други не постапува долго време и предизвикува последици.
„Брзото постапување при носењето на одлуката за привремено укинување на мораториумот во Центар е основа за сомнеж за начинот на работа на уставните судии. Сметаме дека е нужно отворање предмет“, образложи Катица Николовска од ДКСК на денешната седница.
Уставниот суд минатата недела донесе одлука за привремено укинување на мораториумот за градење во Центар по претставка од Стопанската комора на Македонија и на Стопанската комора на северозападна Македонија за преиспитување на уставноста на мораториумот. Судот прифати да го разгледа барањето на коморите и одлучи до конечната одлука да биде укинат мораториумот. Одлуката ги шокира граѓаните, но и одговорните од Општина Центар, кои на Уставниот суд му забележаа што не одговорил на претставките од Општина Центар поднесени минатата година, а расправал за барањето на коморите поднесено пред два месеца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
Муцунски во Стразбур: Потврдена посветеноста за унапредување на демократијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.
На средбата со Генералниот секретар Деспина Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со Вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.
Македонија
Откако Филипче замина во Франција да лобира за Македонија, владата падна, очекуваме да видиме каков Француски предлог ќе донесе повторно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков Француски предлог повторно ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање.
Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа.