Македонија
Латас поднесе оставка од функцијата главен и одговорен уредник
Новинарот Дараган Павливиќ – Латас објави дека поднел оставка на функцијата главен и одговорен уредник во ТВ „Сител“.
„Оставката ја поднесувам со цел заштита од понатамошни притисоци кон мене како новинар и кон медиумот во кој работам. На оваа функција во ТВ ‘Сител’ сум од мај 1997 година до денес, период од речиси 22 години во континуитет, што е најдолаг уреднички стаж и мандат во релевантен медиум во Македонија во која било категорија од основањето на државата до денес.
За тој период ТВ ‘Сител’ израсна во водечки медиум во Македонија, препознатлив по својот стил, со свој карактер и школа од која излегоа најголем дел од денес релевантните новинари во државата, каде што е создадена семејна атмосфера на соработка исполнета со меѓусебна доверба, заедничка посветеност на работата и професионалните стандарди.
За тоа време ТВ ‘Сител’ изгради свој идентитет забележан и почитуван не само во Македонија туку и во регионот.
Како новинар со најголема продукција меѓу денешните професионални новинари, со пет награди за новинар на годината и внимание добиено од публиката и јавноста, благодарен сум ѝ на ТВ ‘Сител’ за укажаната можност како главен и одговорен уредник да предводам медиум и тим со кој се гордеам. ТВ ‘Сител’ е мое животно дело, трага која е неизбршлива и секојдневно видлива“, се вели во изјавата на Латас.
Тој најави дека ќе продолжи со својот професионален ангажман во ТВ „Сител“ и понатаму како новинар и како извршен продуцент.
Им се заблагодари на своите соработници во изминатите 22 години за, како што вели, секој час поминат со нив, за соработката, без ниту еден лош збор и ниту една неостварена заедничка идеја и проект.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зегин во духот на хуманоста и желбата за сплотеност повторно го поддржа големиот празник Богојавление (Водици)
Големиот Христијански празник Водици, Богојавление и оваа година беше поддржан од компанијата Зегин. Покрај минусните температури повеќе од 160 учесници беа пријавени на главната Скопска манифестација а истата се одржа и во останатите Скопски општини како и во градовите ширум цела држава.

Според верувањата оној кој ќе го фати светиот крст ќе го следи здравје, среќа и бериќет низ целата година како и сите оние кои со голема храброст влегоа во светите води.

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува и на овој Христијански празник со тоа што обезбеди награди за преку 70 општини во земјата.

Со овој празник се заокружуваат дванаесетте „некрстени денови“, како и циклусот на зимски празници.

Компанијата Зегин посакува многу здравје, среќа, успех и мир на сите оние кои беа дел од манифестацијата, како и на нивните семејства.

ПР
Македонија
Македонски Концепт упати Дипломатски манифест до САД: Веруваме дека Македонија припаѓа во кругот на стабилни, демократски и доверливи западни сојузници
„Политичката партија Македонски Концепт, како легитимен политички субјект во Република Македонија со јасна про-западна, демократска и реформска ориентација, упатува Дипломатски манифест до САД, со цел да придонесе кон јасно, отворено и одговорно преиспитување на состојбата на билатералните односи. Ние веруваме дека демократијата има право и обврска да се брани“, соопштуваат од Македонски Концепт.
„Манифестот беше усвоен од страна на Националниот Комитет на МК на 19.02.2026 година, кој констатира дека стратешкото партнерство со САД претставува клучен столб на националната безбедност, политичката стабилност и про-западна ориентација. Секое сериозно нарушување или релативизирање на ова партнерство создава вакуум кој ја зголемува институционалната ранливост, отвора простор за деструктивни влијанија и ја поткопува довербата во демократските процеси.
Со особена загриженост го констатираме фактот дека Република Македонија во одредени контексти се третира во ист ранг со држави кои се соочуваат со сериозни безбедносни и институционални колапси. Тоа не е резултат на еден настан, туку на долгорочна државна слабост и недоволна решителност во справувањето со појави на верски радикализам, антизападни и прокомунистички идеолошки наративи и институционална корупција и недоследно владеење на правото.
Во таа насока, Манифестот ја афирмира потребата од политичка и економска декомунизација, лустрација, заштита на христијанско културно – историско наследство и сузбивање на појавите на нелегалната миграција која ги уништува традиционалните вредности во нашите општества. Искажуваме политичка волја за јасна корекција кон донесување на законодавни и институционални механизми против верски радикализам, јасно дистанцирање од комунистичката и секоја тоталитарна идеологија, системска борба против корупцијата, со мерливи и проверливи резултати.
Македонски Концепт ја поддржува идејата за продлабочен билатерален стратешки и безбедносен компактен однос меѓу Македонија и САД, а како членка на НАТО и деклариран сојузник, имаме легитимно право на отворен дијалог, фер проценка и почитување на постојните договори за стратешко партнерство. Охрабруваме директна комуникација, јасни критериуми и заемна одговорност, како основа за обновување на довербата.
Македонски Концепт верува дека Македонија припаѓа во кругот на стабилни, демократски и доверливи западни сојузници. Овој Дипломатски Манифест, го упатуваме како израз на сериозна политичка намера, вредносна усогласеност и подготвеност за одговорно партнерство со Соединетите Американски Држави“, соопштуваат од Македонски Концепт.
Македонија
Започна изградбата на атмосферска канализација на улицата „Томе Арсовски“ во Бирарија
Денес, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на почетокот на градежните работи за изградба на атмосферска канализација на улицата „Томе Арсовски“ во населбата Бирарија. Проектот има за цел трајно решавање на проблемот со собирање и задржување на отпадните атмосферски води, кои поради специфичната теренска конфигурација често предизвикуваат потешкотии, особено при пообилни врнежи од дожд. Станува збор за значајна инфраструктурна инвестиција, финансирана од буџетот на Општина Кисела Вода, информираат од општината.
-Изградбата и обновата на подземната инфраструктура, како што е и денешниот проект, се од суштинско значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и за долгорочен, одржлив развој на општината- истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Таа додаде дека вакви и слични проекти ќе продолжат и во периодот што следи, со цел системско унапредување на инфраструктурната мрежа.
-Ќе работиме во сите населби и населени места, со јасна заложба за рамномерен развој и еднаков пристап до квалитетна инфраструктура за сите жители, нагласи градоначалничката.

