Свет
Шведска веб-страница за сексуално образование за мигранти стана глобален хит
Водичот за секс и за врски за мигрантите во Шведска се покажа изненадувачки популарен надвор од границите на скандинавските земји, особено на Блискиот Исток, објави Шведското Радио.
Веб-страницата youmo.se беше лансирана по барање на шведската влада и нуди информации поврзани со сексот за младите луѓе на возраст од 13 до 20 години што се доселиле во Шведска. Таа опфаќа широк спектар теми, што се движат од анатомија, физичко и ментално здравје до сексуално преносливи болести, сексуален напад, присилен брак, обрежување и осакатување женски гениталии, правата на ЛГБТ и истополови врски.
Целата содржина е достапна на неколку јазици кои се најпопуларни меѓу новодојдените, вклучувајќи и арапски, сомалиски и дари, авганистанската верзија на персиски, како и на англиски и поедноставен шведски. Делот „Прашања и одговори“ опфаќа теми, како што се порнографијата и мастурбацијата.
Минатата година огромното мнозинство посети на страницата (80 отсто) биле од странство, според компанијата „Инера“, која ја опслужува веб-страницата во име на Шведската агенција за млади и општество (МУЦФ).
Само Иран лани имало 200.000 посетители, двојно повеќе од Шведска. Многу посети биле од САД, Египет, Саудиска Арабија, Германија, Велика Британија, Ирак и од Алжир.
„Имаме многу посети на страниците за структурата на гениталиите, кои се деловите од органите и како функционираат. Најпосетената страница на сите е онаа за вагината, и тоа на арапски јазик. Има добри фотографии за тоа како изгледа“, објасни Лота Норд Рубулис од „Инера“.
Друга најчесто посетена страница е „Што е ОК секс?“, која нуди разни прифатливи сценарија, како што се сексуалните фантазии или барањето разголени фотографии, како и изразувањето согласност.
Минатата година шведската влада намени 3,7 милиони шведски круни за сексуално образование за новите мигранти. Парите требаше да бидат дистрибуирани од страна на Шведската асоцијација за сексуално образование за производство на едукативни филмови на разни јазици и на разни теми, како и наменски образовни проекти, објави Шведското Радио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

