Црна хроника
Пожари беснеат во Кочанско, Струшко и Кумановско
Во кочанското село Пресека, на местото викано Горница завчера избувнал пожар, при што била зафатена површина од околу 50 хектари борова и дабова шума со ниско стеблеста вегетација.
Екипи на Територијалната противпожарна единица – Кочани, вработени во Шумско стопанство и шумска полиција Кочани, преземаат мерки за гасење на пожарот.
Вчера бил пријавен шумски пожар над село Октиси, во делот помеѓу с.Октиси и место викано Беличка река, во Струшко, при што на непристапен терен горела букова шума.
За пожарот бил известен Центарот за управување со кризи и Територијалната противпожарна единица – Струга и се преземаат мерки за гасење.
Вчера бил регистриран шумски пожар над кумановското село Липково, при што била зафатена површина од околу 1500 метри квадратни дабова шума.
За настанот биле известени Територијалната противпожарна единица – Куманово и Центарот за управувње со кризи и се преземаат мерки за гасење на пожарот.
Синоќа, пак, избил пожар кај место викано Јаворица, атар на село Давидово, во кој горела нискостеблеста шума.
Пожарот бил локализиран од екипа на Територијална противпожарна единица – Неготино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

