Македонија
Ципрас пристигна на скопскиот аеродром

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, пристигна на скопскиот аеродром, каде што беше пречекан од владината делегација предводена од вицепремиерката Радмила Шекеринска.
Ова е прва официјална посета на грчки премиер во Република Северна Македонија.
Ципрас на платото пред Владата ќе биде пречекан со државни и воени почести, каде што вчера, во пресрет на неговото доаѓање, беше поставена табла со новото уставно име на државата.
Во Владата е предвидена тет-а-тет средба помеѓу двајцата премиери Заев и Ципрас кога ќе се разговара за триесетина прашања од повеќе области.
По средбата ќе се одржи и меѓувладиниот состанок, по што двајцата премиери ќе имаат заедничка прес-конференција. Во денешната агенда предвидено е грчкиот премиер да има средба и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Двајцата премиери попладне ќе го отворат бизнис-форумот каде ќе имаат свое обраќање.
Засега не се предвидени средби со претседателот Ѓорге Иванов, ниту, пак, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во делегацијата што ќе го придружува Ципрас за време на посетата на Скопје, покрај министри во Владата, се и претставници на десетици големи и средни грчки компании. Поради посетата на Ципрас, денеска од 9:30 до 20 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.