Македонија
Заев и Ципрас: Да го искористиме интересот на големите сили за регионот
Двајцата премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев се согласија дека треба да се искористи интересот на големите сили за регионот и дека е добредојден, но се додека се почитуваат суверените права на државите, порачаа двајвата на прашање поврзано со судирот на интересите на големите сили на Балканот. Заев и Ципрас потенцираа дека двете држави соработуваат и со НАТО и со Русија.
„Двете земји имаат своја улога во одредувањето на иднината. Интересот е добредојден, но не под условите од минатото. Балканот е регион каде суверените држави ги формираат своите иднини. Интересот на ЕУ е повеќе од добредојден, а исто така добредејдени се и интересите изразени од САД за старнски инвестиции во енерегтиката, од Кина исто така бидејќи инвестираат многу во развојни проекти во оваа област. Членка сме на НАТО, но имаме пријателски односи и со Русија. пред енколку дена тие ја признаа Северна Македонија под новото име“, рече Ципрас.
Фактот дека има интерес од повеќе велесили е позитивен знак секако дека доколку суверените права на државата се признаени
„Наше суверено право е како ги градиме нашите односи. Интересот на сите големи сили е добредојден и верувам дека ќе биде само позитивен. Ние сме мала земја, сакаме соработка со сите. Градиме пријателства,за нас нема алтернатива освен членство во НАТО и ЕУ, но сакаме соработка со Русија, Кина и Источниот свет, зашто тоа носи поголем подобар стандард за сите. За нас е позитивно признавањето на новото име на државата од страна на Русија“, дополни Заев
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Времето денес облачно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер
Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

