Економија
(Видео) Николовски: Исплатен долгот што некои од винарниците го имаа кон лозарите
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој им исплати 77 милиони денари на 2.048 лозари по основ на долгот што винарските визби го имаат кон лозарите за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година. Во списокот на винарски визби што за посочениот период имаат долг кон лозарите спаѓаат и винарниците „Повардарие“ и „Стефанс винарија“ и сите други винарски визби што во истиот период биле регистрирани како винарници во регистарот на МЗШВ.
Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, посочи дека целата постапка во делот на измените на Законот за земјоделството и руралниот развој и Програмата за директни плаќања 2019 година се направи на почетокот на годината, со што се исполни и правниот основ за државата да ги обесштети лозарите, кои имаат побарувања за предаденото, а неплатено грозје.
„Направивме една поактивна одлука со вклученост на градоначалниците од Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, пратениците од овој регион, лозарите. Се одржаа многу средби и со претставниците на винарските визби што го откупиле, а не го платиле грозјето, сè со цел да се најде соодветно решение. Нашата цел е лозарите да имаат сигурност во плаќањето, да знаат дека предадениот род ќе им се плати. Изминатиов период Државниот инспекторат за земјоделство и Платежната агенција беа интензивно ангажирани на обработка на податоците и се посветија на побрза обработка на решенијата, со цел лозарите побргу да бидат обесштетени. Во согласност со тековните исплати, над 2.000 субјекти ги добија парите во вкупен износ од 77 милиони денари“, изјави министерот Николовски.
Тој посочи пред почетокот на новата производствена реколта лозарите ги добија субвенциите за основната мерка за одржување лозови насади. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, изјави дека праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите тогаш кога им се потребни на земјоделците, ќе продолжи и во следниот период.
Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, посочи дека со исплатата на долгот што некои од винарниците го имаат кон лозарите се исправа една неправда што им беше направена на лозарите во изминатите години.
На 4 февруари годинава Собранието ги усвои измените на Законот за земјоделството и руралниот развој, со што се исполни и правниот основ за државата да ги обесштети лозарите. Со законските измени се создаде можност Владата да донесе одлука за дополнителна помош за одреден земјоделски производ, откупен најмногу пред пет години од денот на донесувањето на одлуката, а неплатен од страна на регистриран откупувач. На 7 февруари, на вонредна седница, Владата ја донесе предлог-одлуката, со што Владата ја прифати и предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, со што се овозможи овој долгогодишен проблем да се реши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf
Економија
Божиновска–Мелинвуд: Започнува најобемната енергетска обнова на јавните згради досега
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), а во врска со реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на Реформската агенда на државата.
Фокусот на средбата беше ставен на имплементацијата на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – стратешки документ што поставува јасна, тригодишна рамка за најмасовната и најсистемска енергетска обнова на јавни објекти во земјата досега.
Станува збор за План што веќе е усвоен од Владата по сеопфатен процес на усогласување со вкупно 33 институции, што ја потврдува неговата институционална тежина и стратешко значење за модернизација на јавниот сектор.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од Реформската агенда, како и од постојните законски обврски. Согласно законската рамка, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3% од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција, истакнуваат од таму.
На средбата беше истакнато дека во моментов е во подготовка таканаречената scoping студија (студија за определување на опфат), со која детално ќе се утврдат параметрите за рехабилитација и обнова на зградите, како и јасни критериуми за приоритизација на објектите што први ќе влезат во процесот на реконструкција.
Со ова, е нагласено во соопштението, државата прави крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци за јавниот сектор, подобри услови за работа во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови, во согласност со европските климатски политики.
„Оваа реформа претставува конкретен чекор кон позелена, поекономична и поодржлива јавна администрација – со директни придобивки за граѓаните и за државниот буџет“.
Економија
Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра
Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е 419,15 денари за килограм“, посочи тој.
Министерот Трипуновски додаде дека вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 170 милиони евра, од кои 95,6% веќе се исплатени на тутунопроизводителите кои го имаат предадено својот род.
„Останува уште мала количина тутун која согласно предвидената динамика, ќе биде откупена во наредниот период. Секоја откупна компанија ќе има отворен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на месец февруари“, појасни министерот.

