Контакт

Избори 2019

Мицкоски од Виница: Заев вети дека кога ќе дојде на власт, ќе ги реши сите убиства, а сега од позиција бега

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека имал средба со голем број граѓани и директно од нив слушнал дека граѓаните со СДСМ и Заев живеат многу лошо, во беда и сиромаштија, додавајќи дека на тоа мора да му дојде крајот, а тоа е возможно само со поддршка на претседателските избори за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова.

dobivaj vesti na viber

„Ова не се само претседателски избори, ова е многу повеќе од тоа. Ова е крај на остатоците од транзицијата, ова е крај од криминалното семејство што ден-денеска крстари низ Европа со „мерцедес“, „мајбах“ и „бентли“. Ова треба да биде крај за недостоинствена Македонија, ова треба да биде крај за криминалците во Република Македонија и затоа ни е потребна победа, на 21 април масовно да излеземе и да го поддржиме нашиот кандидат, идниот претседател, Гордана Силјановска-Давкова“, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека Зоран Заев заборавил на сите ветувања што ги дал пред граѓаните потенцирајќи дека не е правда да се ветува загарантиран откуп и повисоки субвенции, а кога ќе дојде ден за откуп, земјоделските производи остануваат на нивите необрани.

„Граѓаните едвај крај со крај врзуваат од први до први. Не е правда кога им ветувате на луѓето загарантиран откуп, повисоки субвенции и стимулации во земјоделството, а кога ќе дојде денот, и овде во Виница, и во Кочани и во Пелагонија останува необран на нивите“, вели тој.

Според Мицкоски, Заев ги понижал и ги манипулрал граѓаните ветувајќи им дека кога ќе дојде на власт, ќе ги открие сите нерасчистени убиства, а сега од позиција бега.

„Не е правда, господине Заев, кога ќе лажете за децата што трагично починаа на Смилковското Езеро, а денеска да бегате да ги погледнете во очи нивните блиски. Да им велите дека не знаете кој се вистинските сторители на тој немил настан. Не е тоа правда. Не е правда да велите дека живот ќе донесете, а пекол донесовте во Република Македонија“, потенцира Мицкоски.

Мицкоски појасни дека на Македонија ѝ е потребен честит и принципиелен претседател, кој ќе се избори за правда и правдина.

„За честита Македонија, требаат честити луѓе. Не требаат луѓе апологети на лопови и на лажови. гласот за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев. И тука не треба да имаме дилема, тоа се двајца луѓе, лице и опачина на иста паричка“, истакна Мицкоски.

Тој побара од граѓаните да застанат рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска-Давкова и заедно да се изборат за победа на претседателските избори сè со цел да се победат неправдите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните на Република Македонија.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова: Мора да го искорениме плевелот на корупцијата и криминалот, време е за нова пролет на нашата македонска република

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на чествувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката на Мечкин Камен во...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска од Скопје го честиташе големиот празник 2 Август – Ден на Републиката, Илинден. „Овој...

Македонија9 часа

(Видео) Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска од Крушево го честита 2 Август, Денот на Републиката – Илинден. „Го честитам празникот...

Македонија10 часа

Kостадиновски: Нашето современо илинденско наследство е вистинската посветеност на владеењето на правото и правната држава

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати честитка по повод Денот на Републиката, 2 август – Илинден. „Денес, 122 години...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е ден на обединување, ден кога сите треба да се поклониме пред минатото и да се заветиме за иднината

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод Илинден. „Илинден е симбол на нашата непокорност, заветот на Крушево и борбата на партизаните за...

Македонија10 часа

Гаши: Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 2 Август – Денот на Републиката. „Во име на пратениците и...

Македонија12 часа

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката. „Илинден е сржта на...

Македонија24 часа

Меџити во Чаир, Касами во Тетово, Бакиу во Скопје – ВЛЕН ги објави кандидатите за градоначалници

Централното претседателство на ВЛЕН ги избра кандидатите за претстојните локални избори. Во Тетово за нов мандат ќе се бори актуелниот...

Топ1 ден

Браќа од Струшко нападнале семејство во возило во кое имало и деца, ја удирале жената со боксови и клоци

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство. Двајцата браќа, по потекло од струшко,...

Македонија1 ден

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

Висар Ганиу лаже, фалсификува, злоупотребува и им овозможува на трети лица да се богатат преку градење згради сега, а кои...

Македонија1 ден

Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи од ноември поради изборите, и да даде оставка, Владата е во лавиринт, вели Мицкоски

Од ноември Владата ќе продолжи со процесот за разрешување на државниот обвинител онаму каде што застана, рече денес премиерот Христијан...

Македонија1 ден

Мицкоски: Им благодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти, оптимист сум дека ќе одиме уште подолу

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од новите тарифи на САД кон Македонија од 15 проценти. Одговарајќи на новинарско прашање поврзано...

Економија1 ден

Маркетите да не прават трикови оти ограничувањата може да бидат годишни, не неделни или месечни, порача Мицкоски

Можни се годишни место неделни или месечни ограничувања на маржите за да се заузда растот на цените во маркетите. Премиерот...

Топ1 ден

Со ретровизорот ја удрил во главата и починала: обвинение за возач што имал слепило, а управувал товарно возило

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во...

Македонија1 ден

Случајот со претседателката на антикорупциската комисија најматен настан за јули, според „Транспаренси“

„Транспаренси интернешнл – Македонија“ го објави редовниот месечен извештај „Бистро – матно“ за јули 2025 година, во кој се евидентирани...

Свет2 дена

Трамп ја објави листата на нови царини

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се воведуваат повисоки царини за десетици земји во целиот свет...

Македонија2 дена

Македонија со царина од 15 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово по македонско време објави нови царински стапки. Македонија, доби стапка од 15 отсто, идентична...

Македонија2 дена

Денес, втора седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја свика втората седница на Советот за безбедност што ќе се одржи денес, 1 август, со почеток...

Македонија2 дена

Во моментот нема активни пожари, надлежните апелираат да се внимава за Илинденските празници

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 18:00 часот , нема ниту еден активен пожар. Шест...

Топ2 дена

Автомобил се судри со автобус кај Тетово – тројца загинати, едно дете е повредено

Три лица го загубија животот, а едно дете е повредено во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на автопатот...