Црна хроника
Момче прободено со нож во тепачка во Стара скопска чаршија
Едно лице е повредено во тепачка помеѓу повеќе лица што се случила синоќа во Старата скопска чаршија, а продолжила по Камени мост до булеварот ВМРО.
26-годишно момче со убодна рана од нож во десната потколеница било пренесено во Ургентен и се наоѓа надвор од животна сопственост.
Полицијата привела три лица и се работи на целосно расчистување на случајот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Предлог за продолжување на притворот за мажот од Штип кој по расправија си ја уби девојката
Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Во текот на истрагата се обезбедија докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП Исар за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој започнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот тој го напуштил местото и сам се пријавил во полициска станица.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Црна хроника
Уапсен 28-годишник од Косово, се обидел да поткупи граничар со 5 евра
Вчера во 21.10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 28-годишниот В.Л. од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.
При пасошка и гранична контрола, тој на увид дал сообраќајна дозвола за автобусот со косовски национални ознаки, кој го управувал и патна исправа во која ставил банкнота од 5 евра.
Лицето било предадено во Полициската станица Мирковци за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Пронајден скопјанец: прегазил жена, па се обидел да избега
Вчера во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско- косовска бригада“ и ул.„Св. Прохор Пчински“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31), удрило во З.П.(45), двајцата од Скопје, и го напуштило местото.
По преземени мерки, Б.К. бил пронајден.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.