Македонија
Агенцијата за филм исплаќала пари за незавршени филмови и со нецелосни банкарски гаранции
Државниот ревизор констатирал низа неправилности при работата на Агенцијата за филм за 2017 година. Во Извештајот за сметката на основниот буџет пишува дека биле ангажирани 5 надворешни соработници без да биде склучен договор со што би биле уредени обврските и правата на двете договорни страни. Истата година не е поднесено ниту едно барање до Министерството за кулутра за добивање согласност за вработување.
Во ревизијата е нотирано и дека во согласност со Законот за филмска дејност, филмскиот продуцент пред склучување на договорот во соодветен рок треба да достави банкарска гаранција во висина од 25% од износот на средства кои ги исплаќа Агенцијата. Според наодите, на продуцентите им било овозможено динамиката на исплата на средства за филмот да соодветствува со банкарската гаранција, односно банкарската гаранција да ја доставуваат на рати според фазите на исплата на средства од Агенцијата.
Ревизорите констатирале дека иако е утврдена точна динамика за реализација на филмовите, сепак, кај два долгометражни и еден документарен филм продуцентите не се придржувале кон утврдената динамика. Филмовите кои требало да бидат заврешни до крајот на 2017 година, според доставената документација, сè уште биле во фаза на постпродукција.
„Кај два долгометражни филмски проекти изврешна е исплата на 90% од одобрениот износ на реализација на проектите, при што на ревизијата не ѝ беше презентиран доказ дека продуцентот ја има доставено финалната верзија на филмот за одобрување на најавната и одјавната шпица со јасно истакнато име и лого на Агенцијата…“, пишува во наодите на извештајот.
Во ревизијата пишува дека кај два долгометражни филмови исплатени се 100% од одобрениот износ иако во моментот на исплатата кај едниот филм не е изготвен извештај за наменски доделените средства и не е предадена финална копија од филмот во Кинотеката на Македонија. „Финалната копија е предадена два месеца по извршената исплата, а конечен извештај до денот на ревизијата не е изготвен“, е нотирано во ревизорскиот извештај.
Кај друг долгометражен филм со македонски малцински удел на ревизијата не ѝ биле приложени склучени договори со сите учесници што имаат удел во филмот, туку само еден договор помеѓу копродуценти од три земји.
Продуцентот на еден долгометражен игран филм не доставил наративен и конечен финансиски извештај за наменско трошење на средствата со спецификација на трошоци. Одговорноста за ревизорскиот извештај како што е наведено, е на поранешната директорка Мими Ѓорѓоска-Илиевска и на директорот Горјан Тозија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

