Македонија
ДНК-анализата на загинатите од авионската несреќа е завршена, телата денес ќе бидат предадени на роднините
Обдукцијата и идентификацијата на ДНК на телата на четиричленото семејство од Бугарија кое загина во авионската несреќа кај Солунска Глава се завршени, потврдија од Институтот за судска медицина. Во текот на денот се очекува телата да бидат транспортирани во Бугарија и предадени на роднините.
Истрагата за падот на „цесната“ е во тек, а од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи формираа комисија која во соработка со бугарските служби ќе треба допрва да ги утврди причините за несреќата. Зошто пилотот летал над Солунска Глава, дали имал соодветна лиценца и дали располагал со точни информации за временските услови, се дел од прашањата на кои ќе се посветат истражителите во наредните 30-тина дена, до кога треба да го подготват и првичниот извештај. Оттаму веќе наложиле да се земе примерок од горивото, да им се достави извештај од метеоролошката станица, а побарале да ги преслушаат и снимките од контролата на летање, кои веќе протекоа во бугарските медиуми, а на кои се слуша дел од разговорот меѓу пилотот и контролорите.
Она што е познато е дека пилотот полетал од Охрид и по дваесетина минути, пријавил турбуленции и побарал да слета на скопскиот аеродром. Но набрзо потоа тој го променил барањето и најавил дека продолжува со летот за Софија, по што се изгубил од радарот. Дел од медиумите објавија дека на пилотот не му било одобрено да слета во Скопје поради посетата на грчкиот премиер Ципрас, но од М-НАВ демантираа.
Во авионската несреќа на 2 април загинаа бизнисменот Георги Бошнаков, кој управувал со авионот, неговата сопруга Калина и двете ќерки Гергана и Билјана Бошнакови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

