Спорт
Новиот Ибрахимовиќ повторно актуелен, го сака Барселона (видео)
Младиот Швеѓанец, Александер Исак, беше топ-тема во сите европски медиуми пред две и пол години. Чудото од дете или новиот Ибрахимовиќ, како што го нарекуваа тогаш, направи трансфер во Борусија Дортмунд иако за него тогаш се интересираа и Реал и Барса. Сепак, тогаш како 19-годишник зимата 2017 тој од АИК Стокхолм замина во Дортмунд за 9 милиони евра.
На „Вестфален“ не се снајде, па беше испратен на заем во холандски Вилем 2. Таму оваа сезона Швеѓанецот повторно заблеска, а „Мундо депортиво“ пишува дека со одличните партии ги привлече погледите на Каталонците.
Младиот напаѓач само на последните 8 меча за клубот постигнал 11 гола, а сезонава вкупно реализира 16 гола со 5 асистенции во 22 натпревара.
Сепак, тој е сè уште под договор со Борусија, која летоска ќе треба да реши за неговата фудбалска судбина.
Swedish striker Alexander Isak is back on Barcelona’s radar. Isak has 10 goals in nine games in the Eredivisie. He belongs to Borussia Dortmund, but he is currently on loan at Willem II. [md] pic.twitter.com/eIeLCIrFN7
— barcacentre (@barcacentre) April 4, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Белгија ја запиша првата победа на ЕП
Фудбалската репрезентација на Белгија ја победи Романија во последниот натпревар од деветтиот ден на ЕП. Во Е групата Белгија победи со 2:0 (1:0). По две кола, сите селекции во Е групата имаат по три бода.
Белгија поведе по само 73 секунди игра. Стрелец беше Тилеманс, со најбрзиот гол на Белгија на големите натпреварувања.
Следеа шанси за Белгија, која доминираше, но Ница блескаше на голот на Романија. Свои шанси имаше и Романија, но и Кастелс беше располошен на голот на Белгија.
Романците поагресивно влегоа во вториот дел. Имаа две пристојни шанси во првите десет минути, но не извлекоа ништо корисно од тоа.
Пото Белгија повторно ја презеде контролата. Во еговиот гол го поништи ВАР поради офсајд.
Дилемите околу победникот ги реши Кевин де Брујне во 80.минута.
Гол-разликата ги држи Романците на првото место, а потоа следат Белгија, Словачка и Украина.
Во третото коло од групата Е се среќаваат Словачка и Романија и Украина и Белгија. Тие натпревари се закажани за среда на 26 јуни од 18 часот.
Спорт
Капитенот на Реал се сели во Саудиска Арабија
Начо Фернандез (34) по 23 години го напушта Реал, кариерата че ја продолжи во Ал Кадсија.
Фабрицио Романо објави дека поранешниот капитен на Реал веќе ги поминал лекарските прегледи и ќе потпише договор за саудискиот клуб на две години.
Начо пристигнал во Реал во 2001 година од АД Комплутенсе на 11-годишна возраст. Како сениор со Реал ги освои сите значајни клупски трофеи, шест пати ја освои Лигата на шампионите.
Спорт
(Фото) Поради селфиња со Роналдо четири пати во прекин беше натпреварот Португалија-Турција
Португалија без проблеми се справи со Турција во второто коло од групата Ф на ЕП. Португалија победи со 3:0 и го обезбеди првото место во Ф групата.
Покрај одличната игра на Португалија, комичниот автогол на Ајкадин, натпреварот во Дортмунд го одбележа и неверојатно лошата организација на службата за обезбедување.
Четири пати во текот на натпреварот, навивачи влегуваа на теренот за да дојдат до Кристијано Роналдо и да направат селфи со него.
Секако, според правилата на УЕФА, секој од тие упади не беа прикажани во ТВ пренос, но според реакциите од трибините, навивачите беа лути поради егзибициите на оние кои во второто полувреме постојано го прекинуваа натпреварот со што го нарушуваа ритамот на натпреварот.
Што се однесува до стјуардите, тие имаа малку трпение во првите три упади, но во последниот применија сила и грубо го изведоа натрапникот надвор од стадионот.