Спорт
Давид Луиз одбил 40 милиони евра од Катар иако нема нов договор со Челси
Кина, САД и Блискиот Исток се популарни дестинации за фудбалерите што се во доцните 30-ти години затоа што таму може да заработат повеќе отколку во Европа.
Сепак, сите фудбалери не го прифаќаат предизвикот. Неодамна Марио Манџукиќ ги одби Кинезите, а сега слична одлука донесе и Бразилецот Давид Луиз.
31-годишниот дефанзивец добил великодушна понуда од Катар, со која за 3 сезони би можел да заработи речиси 40 милиони евра, но сепак не ја прифатил.
На крајот на сезонава му истекува договорот со Челси, каде што игра шеста сезона или трета во вториот мандат, а претходно две сезони беше дел од ПСЖ.
Челси на играчите постари од 30 години им дава договори година за година.
Шпекулациите се дека Луиз имал понуда и од бразилски Палмеирас, но фудбалерот смета дека е премлад да се враќа во татковината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Тиквеш го освои Купот на Македонија
Foot/ ffm.mk
Фудбалерите на Тиквеш испишаа историја и за прв пат во историјата го освоија Купот на Македонија. Исто така, оваа победа им овозможи на кавадарчани првпат да учествуваат во европските купови, тие ќе играат во квалификациите во Конференциската лига.
Во финалето кое се одигра на Националната Арена националниот стадион „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада Воска Спорт со 2:1.
Тиквеш поведе преку Кристијан Стојкоски, кој постигна одличен гол од слободен удар во 41. минута.
Tikves markiert in der 41. Minute das 1:0 per Freistoß https://t.co/nOamIuabKS pic.twitter.com/GoNMIrOQ4K
— Makedonien.mk (@makedonien_mk) May 22, 2024
По еден час игра, Бразилецот Луан Силва зголеми на 2:0, за голема радост на 10.000 навивачи кои од Кавадарци дојдоа во главниот град да го бодрат својот тим.
#Tikves erhöht in der 59. Minute nach Eckball auf 2:0 https://t.co/ZgXE2lTKNk pic.twitter.com/pneNaK7TJI
— Makedonien.mk (@makedonien_mk) May 22, 2024
Голот за надеж за Воска го постигна Никола Саркоски во 77. минута, но охриѓани немаа сили да се вратат во мечот.
Со ова Тиквеш ја заокружи најуспешната сезона во клупската историја, во првенството овој тим го освои четвртото место.
Спорт
(Видео) Гасперини го надмудри Алонсо, Лукман со хет-трик го растури Баер, Аталанта ја освои Лига Европа
Фудбалерите на Аталната го освоија првиот европски трофеј во клупската историја. „Ла Деа“, во финалето во Даблин, го победи Баер Леверкузен со 3:0. Хет-трик постигна Адемола Лукман, кој го совлада Ковар во 12., 26. и 75.минута. Аталанта со победата во финалето стави крај на европскиот рекорд на Баер, играчите на Чаби Алонсо до овој меч немаа пораз на 51 натпревар.
Спорт
Борусија сите вработени ќе ги носи на финалето со Реал
Борусија Дортмунд на 1 јуни на „Вембли“ ќе го игра финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а челниците на германскиот тим покажаа зошто популарните „милионери“ се голем клуб и колку се грижат за луѓето, кои се дел од целиот проект.
Сите вработени во клубот, на број се 519, ќе бидат специјални гости на мечот за највредниот трофеј во клупскиот фудбал. Сите трошоци ќе бидат на товар на Борусија.
На трибините ќе бидат сите од хигиеничарките до директорите.
На овој начин клубот сака да изрази благодарност за сето она што го прават секојдневно и придонесуваат за успехот на Борусија.
Освен тоа, „милионерите“ во Лондон ќе ги однесат сите членови на нивната младинска школа од 12 до 19 години, за да бидат дел од големиот спектакл.
Борусија Дортмунд последен пат беше во финалето на Лигата на шампионите во 2013 година кога токму на „Вембли“, загуби од Баерн (2:1).