Надворешна политика
Вељаноски-Жбогар: Решавањето на политичката криза ќе даде позитивен имплус за напредок
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, во петокот му посака добредојде на новиот амбасадор на Европската унија во Република Македонија, Самуел Жбогар и ја потенцираше личната подготвеност и подготвеноста на пратениците на Собранието на Република Македонија да дадат поддршка на секоја иницијатива во насока на плодна и ефикасна соработка.
Вељаноски изрази задоволство од досегашната успешна соработка со претходните шефови на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија. Во делот кој се однесува на Собранието на Република Македонија, Вељаноски истакна дека секогаш било високо оценувана неговата работа и дека ќе продолжи со позитивниот континуитет да биде мост на соработка и размена на идеи и мислења. Вељаноски истакна дека е благодарен што сите претходни амбасадори на Европската унија се ангажирале за унапредување на работата на Собранието и од таа соработка се произлезени бројни проекти што се во интерес на Собранието и демократските процеси.
На средбата се зборуваше за политичката криза во Република Македонија и постигнатиот договор со кој ќе се одржат избори и на кои граѓаните ќе ја имаат демократската можност да одлучат кој ќе ги води. Двајцата соговорници беа согласни дека преку изборите се добива можност да биде рестартиран целокупниот државен систем и ќе продолжат сите реформски процеси за побрза интеграција на Република Македонија во Европската унија. Двајцата соговорници се согласни дека со решавање на политичката криза ќе се даде позитивен импулс во однос на напредокот на државата.
Амбасадорот Жбогар на средбата истакна дека ги познава политичките случувања во Република Македонија и искажа уверување дека ќе ја продолжи позитивната работа во застапувањето на Европската унија, Тој посочи дека ќе ја поддржува работата на сите институции кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредокот во реформите кои се исклучително важни за интеграција во Европската унија.
Соговорниците разговараа и за актуелната состојба со бегалците од Блискиот Исток и Африка, каде што Република Македонија се најде како транзитна држава. Вељаноски истакна дека Македонија ги почитува сите стандарди и прописи кои се пропишани од Европската унија за овие кризни состојби, но мора да се даде поголем ангажман од сите релевантни меѓународни организации за да помогнат во успешно справување со оваа состојба./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.