Регион
Две илјади мигранти се собрани во близина на Солун, грчката полиција засега ја контролира ситуацијата

Речиси 2 илјади мигранти кои се наоѓаат во Грција, денеска, трет ден по ред, најавуваат дека планираат да заминат од Солун кон границата со нашата земја, оддалечена 60 километри на север, со намера од тука да патуваат кон централна Европа.
Како што информираат регионалните медиуми, мигрантите ноќта ја минале во шатори во бегалски камп во близина на селото Диавата, северозападно од Солун, од каде што планираат да се упатат кон север.
Полицијата во моментов успева да ги спречи во таквата намера, објавија грчките медиуми.
Последниве денови, на интернет се проширија гласини дека грчката граница со земјава е отворена, но грчкото Министерство за миграции ги негираше ваквите шпекулации.
Сите мигранти треба да се вратат во своите престојувалишта, велат тамошните власти, додавајќи дека за таа цел им се обезбедени автобуси.
Групи мигранти кои планираат да се упатат кон север се собраа во Атина, каде што во петокот на неколку часа беше прекинат железничкиот сообраќај бидејќи околу 300 луѓе ја блокираа главната станица.
Во текот на ноќта блокадата беше прекината и сообраќајот продолжи.
Во екот на мигрантската криза, долж јужната граница со Грција беше поставена ограда. Таа сè уште постои и е обезбедена, што значи дека т.н. Балканска рута кон централна Европа е во најголем дел затворена. Во 2015 и 2016 година преку неа во Германија пристигнаа повеќе од еден милион луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.