Црна хроника
Блокирано скопско Арачиново заради вооружен напад
Припадници на Министерството за внатрешни работи во неделата попладне го блокираа скопското село Арачиново, поради вооружен напад во кој има неколку повредени лица.
Според Министерство, полициските екипи го блокирале главниот пат кој води кон селото, по анонимна дојава во неделата по 17 часот за пукање во кој наводно има убиени, но на теренот биле најдени три ранети лица кои се згрижени во Ургентниот центар Скопје.Неофицијално, како што пренесуваат повеќето медиуми, биле ранети жена и двајцата нејзини синови. Жената е повредена во горниот дел од десната нога, едниот син во главата, а вториот има прострелна рана во градниот кош.Засега не е позната причината за инцидентот, но според пријавата меѓу засега непознатиот напаѓач вооружен со автоматско оружје и ранетите претходела расправија во центарот на Арачиново./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.