Регион
Харадинај: Јас сум американски војник на терен кој извршува наредби

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека е американски војник на терен кој извршува наредби. Тој наведе дека само ги применува наредбите во однос на ситуацијата на теренот и дека верува оти со зајакнувањето на Косово ќе зајакнат и американските интереси и ги отстрануваат руските и другите интереси.
„Нашите ставови се слични со она за што Америка се залага, а оние што се на терен се свесни за тоа, а јас сум војник на Америка на теренот“, рече Харадинај. Односите на Косово и САД тој ги оцени како добри, а царината од 100 отсто за српската стока рече дека е воведена против интересите на Србија и Русија на Балканот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.
„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.
Регион
Пронајдени се лицата кои исчезнаа во Грција

Никола Стефановиќ (31) и Марта Илиќ (19), кои исчезнаа во Грција, се пронајдени, како што потврди за Блиц нивниот пријател Милан Атанасковиќ, со кого го напуштиле Лесковац.
Двајцата биле пронајдени во Сер.
– Тие свртеле погрешно, се наоѓаат на 125 километри од местото каде што се упатија. Ја поминале ноќта во парк, дури денес нашле ви-фи и ме контактираа – изјави тој за „Блиц“.
Претходно српските медиуми објавија за нивното исчезнување.
„Тие отидоа со нас во Грција, требаше да прстојуваме стан до стан на истото место. Никола е пријател на татко ми, го замолил да оди пред него, да го следи, не го знаел патот. Сè беше во ред низ Србија и Северна Македонија, влеговме во Грција“, вели Јелена Стојиљковиќ за „Блиц“.
Откако направиле пауза на бензинска пумпа во Грција, го продолжиле своето патување.
Кога стигнале до втората рампа на автопатот кон Олимпик бич, Никола и Марта исчезнале.
Регион
Никола и Марта исчезнаа на патот кон Грција: „По втората рампа повеќе не ги видовме“

Никола Стефановиќ (31) и Марта Илиќ (19) исчезнаа патувајќи на одмор во Грција, како што потврди за „Блиц“ Јелена Стојиљковиќ, ќерката на нивниот пријател, со кого го напуштиле Лесковац.
„Тие отидоа со нас во Грција, требаше да прстојуваме стан до стан на истото место. Никола е пријател на татко ми, го замолил да оди пред него, да го следи, не го знаел патот. Сè беше во ред низ Србија и Северна Македонија, влеговме во Грција“, вели Јелена Стојиљковиќ за „Блиц“.
Откако направиле пауза на бензинска пумпа во Грција, го продолжиле своето патување.
Кога стигнале до втората рампа на автопатот кон Олимпик бич, Никола и Марта исчезнале.
„Тато ги набљудуваше цело време во ретровизорот. По таа втора рампа, повеќе не ги видовме. Потоа тато доби порака од бројот на Никола „Брат, те молам јави ми се“, што и го стори. И тој и таа беа недостапни“, изјави Јелена за „Блиц“.
Како што истакна, Марта и Никола не контактирале со никого од вчера и сите се многу загрижени.
„Се надеваме дека се е добро и дека ќе се појават, сите сме многу загрижени за нив“, рече таа на крајот од интервјуто за „Блиц“.
Патем, судејќи според информациите објавени на Фејсбук страницата „Во живо од Грција“, автомобилот со кој Никола и Марта патувале во Грција е син металик опел со лесковачки регистарски таблички LE 164 LB.
Исчезнатиот Никола Стефановиќ живее во селото Богојевце во близина на Лесковац, а Марта Илиќ живее во селото Бунушки Чифлук.