Црна хроника
Најмалку двајца загинати и 10 повредени во експлозијата во Небраска
Најмалку две лица загинале и уште 10 се сериозно ранети во експлозија во фабриката за храна за животни во градот Омаха, објави ноќта кон вторникот управата на полицијата на американската сојузна држава Небраска.
Како што пренесува Associated Press, од соопштението на властите сѐ уште не е јасно дали бројот на жртвите може да биде и поголем, додека спасувачките екипи продолжуваат со пребарувањето на урнатините на погонот на фабриката „Nutrition plant“. Откако претходно поради опасноста во понеделникот претпладне по локално време беше прекината потрагата, шефот на противпожарната служба во градот Омаха, Берни Кенгер, изјавил дека пребарувањето се одвива многу бавно бидејќи објектот не е безбеден.
Кенгер не го потврдил бројот на загинатите, но правобранителот на округот Даглас, Дон Клејн во понеделникот доцна попладне по локално време изјави дека два смртни случаи се потврдени.
Во моментот кога се случила експлозијата по којашто избил пожар, во погонот работеле 38 работници. Покрај двете загинати лица, десет биле хоспитализирани, седум биле повредени но одбиле да бидат згрижени во болница. Сѐ уште не се соопштува каква е судбината на другите работници.
„Не можеме да ги расчистиме урнатините од објектот, бидејќи постои значителна опасност за нашите луѓе“, рекол Кенгер, Додал дена не верува оти има уште некој жив под урнатините.
Властите сѐ уште не знаат што ја предизвикало експлозијата на трикатниот објект на кој делумно е урнат покривот, но истакнуваат дека во фабриката немало опасни хемикалии и оти не е спроведена евакуација на жителите од блиските домови. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
„Цитроен“ удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник од Прилепско
Вчера во 11.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во село Црнилиште, прилепско, патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот М.А. од село Црнилиште, удрило во електричен тротинет управуван од малолетник од село Црнилиште, прилепско, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а неговиот малолетен сопатник се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери
Вчера во 21.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода 32-годишниот Б.Д. и 25-годишниот А.Д., двајцата од Кичево, извести МВР.
„При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја“, соопшти МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсена жена во Гостивар, била фатена како краде во продавница
Вчера во 18.45 часот на улица „Светозар Пепоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 50-годишната Г.И. од гостиварско Неготино.
„Таа била фатена при извршување кражба во продажен објект, по што се обидела да побегне, но била спречена и лишена од слобода“, соопшти МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.