Европа
Хакер украл 3.000 фотографии на британското кралско семејство
Околу три илјади фотографии на британското кралско семејство се ставени на продажба на интернет откако непознат хакер упаднал во акаунтот на сервисот iCloud на Пипа Мидлтон, сестрата на војвотката од Кембриџ Кејт, пишува весникот Daily Mail.
За украдените фотографи, хакерот бара 50.000 фунти. Анонимниот понудувач стапил во контакт со водечките британски изданија, во прв ред со таблоидите, кои традиционално пројавуваат интерес за ексклузивните приватни сними од членовите на британското кралско семејство.
На фотографиите, украдени од сервисот за чување податоци на Apple, според пишувањето, се снимени самата војвотка од Кембриџ Кејт, како и наследниците на британскиот престол принцот Џорџ и принцезата Шарлота. Доколку снимките се направени со камерата од паметниот телефон на Пипа Мидлтон, тогаш би требало на нив да се овековечени многу моменти од настани на коишто таа присуствувала, пишува весникот.
Незаконски добиените материјали, хакерот планира да ги продаде првенствено во САД, бидејќи во Велика Британија на сила е законот за приватност од 1998 годна, со кој се забранува распространување на интимни информации, вклучително и снимки, без согласност на нивниот сопственик.
Тој тврди дека поседува „огромно количество информации и фотографии, кои тој нема намера да ги задржи кај себе премногу долго“. Според него, тој имал и „План Б“, кога ќе ги врати сите податоци на акаунтот на Пипа, доколку на својата сметка ја добие бараната сума.
Од Скотланд јард за весникот го потврдиле хакерскиот упад и реле дека во врска со инцидентот е започната истрага./крај/мф/сн
Извор: Daily Mail
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Пред заминувањето, Бајден планира да испрати уште еден голем пакет воена помош за Украина
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, изјавија денеска двајца американски претставници, додека претседателот во заминување се обидува да ја зајакне владата во Киев пред да ја напушти функцијата во јануари.
Според официјален претставник запознаен со планот, администрацијата на Бајден планира да обезбеди различни противтенковски системи од американските резерви за да го запре напредувањето на руските трупи, вклучувајќи мини, беспилотни летала, ракети Стингер и муниција за ракетниот систем HIMARS, објави Ројтерс.
Пакетот, исто така, се очекува да вклучува касетна муниција што вообичаено се наоѓа во ракетите со водени состави за повеќекратно лансирање (GMLRS) кои ги испалуваат HIMARS лансерите, се вели во известувањето што го видел Ројтерс.
Официјалното известување за пакетот оружје до Конгресот би можело да дојде уште во понеделник, рече еден официјален претставник. Содржината и големината на пакетот би можеле да се променат во наредните денови пред очекуваниот потпис на Бајден.
Европа
Покојниот египетски милијардер обвинет за силување, во Британија ги истражуваат помагачите
Британската полиција соопшти дека започнала истрага за тоа дали луѓето поврзани со починатиот египетски милијардер Мохамед ал-Фајед помогнале во наводното силување и сексуален напад на женски персонал во неговата стоковна куќа „Хародс“ во Лондон.
Документарен филм на Би-Би-Си во септември објави дека Ал-Фајед, кој почина минатата година на 94-годишна возраст, сексуално ги злоставувал женските вработени, ги принудувал на медицински прегледи и им се заканувал со последици доколку се обидат да се спротивстават.
Ал-Фајед ги негираше сличните обвинувања пред неговата смрт.
„Оваа истрага има за цел да им даде глас на преживеаните, и покрај фактот дека Мохамед ал-Фајед повеќе не е жив за да се соочи со кривично гонење.
Меѓутоа, сега ги истражуваме сите лица осомничени за вмешаност во неговите злосторства и се залагаме за барање на правдата“, рече командантот Стивен Клејман од лондонската Метрополитен полиција во соопштението во средата.
Тој не кажа колку лица се под истрага.
Адвокатите кои ги застапуваат жртвите рекоа дека злоупотребата се случила не само во Хародс, туку и на други локации поврзани со деловната империја на Ал-Фајед, како фудбалскиот клуб Фулам, хотелот Риц Париз и неговиот имот во Сари, истакнувајќи дека повеќе од 400 луѓе се јавиле .
Според документарецот на Би-би-си, Хародс не интервенирал, туку помогнал да се прикријат наводите за злоупотреба додека Ал-Фајед бил сопственик.
Европа
Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја
Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи дека станува збор за напад со руски крстаречки проектил.
„Енергетската инфраструктура повторно е цел на масовен непријателски напад“, напиша на Фејсбук украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.
Thursday morning in Kyiv – our Thanksgiving Day – we awoke to air raid sirens and from the bunker we see the whole country is red from the threat of missiles from Russia as Ukraine’s energy infrastructure is currently under attack. pic.twitter.com/zKaNUdKPqS
— Ambassador Bridget A. Brink (@USAmbKyiv) November 28, 2024
„Непријателот продолжува да го напаѓа Харков со проектили“, напиша градоначалникот Ихор Терехов на апликацијата за пораки Телеграм.
Гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер ги повика жителите да останат во засолништа.