Црна хроника
Кили пренесен на клиника

Актерот Кирил Поп Христов со влошена здравствена состојба е пренесен на клиника за да му направат тестирања. Неизвесно е дели притворот ќе продолжи да го издржува таму или повторно во затворот во Шутка, јавува Алфа.
Адвокатите неколку пати го алармирале судот и затворските власти дека здравјето на актерот е загрозено и дека нема услови да се лекува во притворот. Токму затоа адвокатот бара Поп Христов да остане во болница за да може да му се пружи адекватна помош.
Инаку уште пред да го притворат Кили имал упат од лекар да го оперира туморот на грбот кој му ги притиска ребрата и кој му го отежнува дишењето. Сега одново туморот му го комплицира здравјето.
Што се однесува до правниот дел од случајот се очекува Јавното обвинителство да покрене обвинение за него, но и за неговиот брат. Тогаш ќе се знае за кои кривични дела ќе бидат одговорни. /крај/ал/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.