Скопје
Изведена првата театарска претстава во новоотворениот Дом на култура “Кисела Вода Кино”
Првата театарска претстава “Чолак” во продукција на Драмскиот театар од Скопје, се одигра во среда вечер во новоотворениот Дом на култура “Кисела Вода Кино”.
Пред почетокот на претставата, на присутните гости, им се обрати в.д. Директорот Тодор Дајевски кој го изрази задоволството што врз темелите на некогашното старо кино започнува нова приказна.„Секој домаќин на своите гости сака да им го понуди најдоброто, па јас, како в.д. директор на оваа институција, сум многу задоволен што на сите посетители ќе можам да им понудам широк спектар од содржини во кои секој ќе може да се пронајде. Се надевам дека на оваа сцена освен вечерашната ќе се одиграат уште многу други театарски претстави, дека во оваа сала која нуди одлични технички можности, ќе се емитуваат и многу филмски проекции, дека уметниците ќе ги искористат сите можности што ги нуди Домот на култура“, истакна Дајевски заблагодарувајќи се на општината и градоначалникот на општина Кисела Вода, како и на Министерот за култура и ресорното Министерство. Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, потенцираше дека овој Дом на културата сега им припаѓа на уметниците и на жителите на општината.„Овие 900 квадратни метри кои се потрудивме токму вака да изгледаат, вечерва ви ги предаваме Вам! На уметниците, на актерите, режисерите, им го предаваме на љубителите на уметноста, на посетителите, на жителите на општина Кисела Вода и на град Скопје кои од ова репрезентативно место ќе следат театарски претстави, филмски остварувања, концерти, изложби, ќе доаѓаат да се дружат и забавуваат. Се надевам дека ова здание ќе биде културно збиралиште на многу генерации-сегашни и идни“, потенцираше градоначалникот на општина Кисела Вода.Активностите околу одбележувањето на 61-годишниот јубилеј финализираат утревечер, со свеченото отворање на културното лето “Три круши”, кое на истоимената локација во селото Драчево ќе се одвива сѐ до крајот на јули и ќе понуди квалитетна програма. Утре во 20:30 минути, целовечерен концерт ќе одржи етно групата Љубојна. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.



Македонија
(Фото) Во текот на декември подигнати 𝟣𝟥 𝟢𝟢𝟢 тони комунален отпад во Скопје
Во текот на месецот декември 2025 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13 000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, екипите на Претпријатието отстранија и 2200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

Во текот на последниот месец од минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше голем број едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпад, при што се изготвени 225 записници.

Најголем број на записници – вкупно 85 – се врачени во скопската општина Kарпош“, се додава во соопштението на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.

